fbpx

Кога целта на пораката е да остварите интеракција со Вашите потенцијални потрошувачи, текстот е многу поважен од креативот според маркетинг експертот Рут Стивенс

Во ова навистина визуелно ориентирано општество, како може текстот да е поважен од дизајнот?

Стивенс вели дека крајната продажба остварена преку убедување и “call to action” зависи директно од играта со зборови кои ќе ги искористите притоа.

Независно од тоа колку е добар Вашиот дизајн, речиси никогаш нема да остварите продажба ако текстот и комуникацијата Ви е на ниско ниво. 

Ние нема да одиме до толку далеку и да ја негираме важноста на професионално сработен креатив, и ќе се согласиме дека двете се важни и се комплементираат во својата работа кога станува збор за реклами. 

Лош текст може да го уништи ефектот на дизајнот и обратно. 

Во овој текст ќе ја објасниме важноста на текстот во само еден, но многу важен и и исплатлив дел од рекламирањето на Facebook платформата, а тоа е Facebook Sponsored Messages.

За сите оние кои немаат слушнато, Facebook спонзорирани пораки се платени пораки кои можете да ги испратите на сите кои веќе имаат остварено некаков вид на интеракција со Вашиот бизнис во Messenger.

Она што е најважно во една спонзорирана порака и од што зависи дали Вашата порака ќе има ефект или не, е ТЕКСТОТ. Дури и огромната Facebook публика која Ви е на располагање може да не Ви донесе никакви резултати ако не знаете како да го задржите вниманието на Вашите потрошувачи.

Дали лошото “copywriting” може да ги намали Вашите шанси да стигнете до повеќе потенцијални купувачи на Facebook платформата?

Одговорот е краток и јасен: ДА!

Еве 3 начини како да избегнете Вашата спонзорирана порака да биде игнорирана, директно избришана или да изгубите ценети сабскрајбери кои можат да бидат потенцијални купувачи.

Не пишувајте за карактеристиките на продуктот

Она што примарно ги интересира луѓето за продуктот е како ќе им биде од корист. Ако имаат прашање за тоа од каков материјал е направен, колку е рокот на трајност или слично, верувајте, тие самите ќе Ве прашаат. Ако ја направите грешката и се фокусирате на здодевни спецификации, ќе го изгубите нивното внимание уште пред да го прочитат текстот. 

Кога пишувате текст во кој треба да се пронајдат Вашите купувачи, секогаш внимавајте на овие три работи:

  • Што ги мотивира Вашите потенцијални купувачи?
  • Директно да гo адресирате и да го решите нивниот проблем.
  • Да ги забавувате.

Поставете прашање за да си осигурате висок CTR 

Facebook нуди многу опции за правење реклами за Вашиот бренд и таа листа на опции секојдневно расте. 

Еден од начините е да ја поврзете Вашата спонзорирана порака со flow специјално дизајнирано во ManyChat.

Повеќе за примената на ManyChat можете да прочитате ОВДЕ.

 Прашањето треба да биде едноставно и да биде поврзано со дејноста на Вашиот бизнис.

Преку Вашето Flow можете да направите одговорот да можат самите да го внесат или можете да им понудите неколку претходно припремени одговори. 

Ако најдете начин како да ги направите прашањата забавни и интерактивни тогаш со сигурност ќе го зголемите Вашиот CTR (процент на луѓе кои ја преземаат понудената акција, односно кликаат на понудениот линк во Вашата спонзорирана порака).

Една таква тестирана стратегија е Facebook квиз.  

Вашата спонзорирана порака може да води до квиз со клик на само едно копче со цел да дознаете повеќе информации за тоа што Вашите сабскрајбери сакаат од Вашиот бренд – ова е одлична стратегија ако работите на нов продукт или услуга.

Вашата главна порака треба да биде во првата реченица

Прочитајте ја оваа порака:

“Како што наближува есента, на вашиот гардеробер му е потребна вистинска трансформација. Во наредните 24 часа, сè во нашата понуда е со 20% попуст. Не чекајте 👉 Искористете ја оваа можност веднаш.”

Звучи OK, нели?

Сепак, што е првото нешто што ќе го видат луѓето пред воопшто да ја отворат пораката во Messenger. 

…Како што се наближува есента, што би им значело тоа и зошто би сакале да продолжат да читаат. 

Ајде сега да пробаме да ја промените оваа порака:

“20% ПОПУСТ на сите продукти во наредните 24 часа 👉  Искористете ја оваа одлична можност да направите вистинска трансформација на Вашата есенска гардероба. “

Сега читателот ВЕДНАШ ќе ја знае целта на Вашата порака и ако е заинтересиран за попуст на Вашите производи, веднаш ќе кликне на пораката.

Остатокот останува на Вас, и тоа како Вие ќе се погрижите да ги конвертирате потенцијалните купувачи во Ваши лојални купувачи, а ние можеме да ви помогнеме со тоа што ќе ви дадеме уште неколку 🤩 БОНУС 🤩 информации за Facebook спонзорираните пораки.

БОНУС информации за Facebook спонзорирани пораки

  1. За разлика од другите Messenger реклами, спонзорираните пораки не изгледаат како реклама и Вашите купувачи нема да знаат дека е реклама сè додека не ја отворат пораката. Ова ви гарантира поголема видливост до Вашите актуелни промоции.
  2. Можете да ги креирате во Ads Manager или ако сте запознаени со ManyChat, директно на ManyChat платформата.
  3. Се испраќаат на луѓе кои веќе имаат остварено одреден вид на интеракција со Вашиот бренд.
  4. Обично се испраќаат во рок од 24 часа откако ќе започне кампањата, меѓутоа добро е да почекате и неколку дена за да се испратат сите пораки.

Ако сакате да научите повеќе за Facebook спонзорирани пораки, можете да ја погледнете нашата актуелна Facebook Маркетинг Академија каде што ќе имате можност да се стекнете со длабоко познавање на Facebook рекламирањето, правилни стратегии и начини на рекламирање кои носат профит, креирање на квалитетен креатив кој привлекува внимание, правилно пишување copywriting, односно текст за рекламите и ќе научите да ја владеете платформата каде што професионалците креираат реклами (Business Ads Manager).