fbpx

Дали редовно правите анализа на Вашите маркетинг активности? Во најмала рака, дали на крајот од годината правите анализа за што сè направивте во врска со Вашиот маркетинг и дали ги постигнавте зацртаните маркетинг цели?

Секоја компанија која следи било каква маркетинг стратегија треба да прави вакви анализи. Со помош на ваква анализа, ќе знаете точно во која насока треба да се движите за да ги остварувате Вашите цели. Гледајте на оваа анализа како план кој ќе ги води сите Ваши кампањи, цели и раст.

Без правилен маркетинг план, работите можат лесно да излезат од контрола и да настане комплетен хаос, а исто така нема да имате идеја колкав буџет Ви е потребен за успешно рекламирање преку годината, за вработувања, за други ресурси и слично.

Секој еден маркетинг план е уникатен и не постои еден единствен темплејт кој може да се користи за било која компанија и индустрија. Но, за да го олесниме правењето маркетинг план на Вашиот тим, тимот на SourceMX Academy ми овозможи шанса покрај организирањето на курсеви за Facebook и Instagram рекламирање, да напишам еден краток блог пост кој ќе ги вклучи најважните точни кои треба да ги земете во предвид при правење на маркетинг план.

Како Да Направите Маркетинг План?

    1. Направете анализа на ситуацијата
    2. Дефинирајте ја Вашата таргет публика
    3. Зададете си SMART цели
    4. Анализирајте ги Вашите методи
    5. Поставете си буџет

1. Направете анализа на ситуацијата

Пред да започнете со правењето на маркетинг план, треба да сте добро запознаени со Вашата моментална ситуација.

Кои се Вашите јаки страни, слаби страни, можности и закани за бизнисот? Направете таканаречена SWOT анализа (Strengths, Weaknesses, Opportunities and Threats), а самото име Ви кажува зошто се прави.

Друго важно што треба да го земете во предвид е моменталната состојба на пазарот. Како стоите во споредба со Вашите конкуренти? Анализирајте што прават тие и што правите Вие, па ќе добиете подобра слика што можеби Ви недостасува Вас.

Исто така, размислете што тие немаат, а Вие го имате, и како тоа може да го искористите за да остварите конкурентска предност.

Одговорите на овие прашања и анализи ќе Ви помогнат да дознаете што Вашите потрошувачи сакаат, што не носи на чекор број два.

2. Дефинирајте ја Вашата таргет публика

Кога сте веќе добро запознаени со моменталната ситуација на пазарот и на Вашиот бизнис, време е да ја дефинирате Вашата идеална, или почесто позната како „таргет“ публика.

Доколку Вашата компанија веќе има buyer persona, овој чекор значи дека ќе треба да ја анализирате истата и да се осигурите дека таа сеуште ги опишува Вашите таргет потрошувачи, односно дека се нема променето во меѓувреме.

Доколку немате, треба да ја креирате сега. За да го направите ова, потребно е да направите истражување на пазарот.

Вашата buyer persona треба да има демографички информации како што се години, пол и приход, а исто и психографички информации како што се цели и слаби точки. Кои се пасиите и интересите на Вашата публика? Со какви проблеми тие се соочуват со што Вашите производи или услуги може да им помогнат?

Кога ќе ги имате сите овие информации напишано, ќе Ви биде полесно да ги дефинирате Вашите цели, а тоа нè носи на чекор број три.

3. Зададете си SMART цели

Сигурно сте свесни дека без Google Maps не би можеле да патуваме толку лесно и комотно насекаде во светот. Исто е и со маркетингот: без паметен маркетинг план, нема да знаете каде сте и каде сакате да стигнете.

SMART цели се мисли на specific или специфични, measurable или мерливи, attainable или остварливи, relevant или релевантни и time-bound или временски ограничени цели.

Во други зборови, ова значи дека сите Ваши цели треба да бидат специфични и да имаат временски рок за исполнување. На пример, Вашата цел е да ги зголемите Вашите следбеници на Instagram за 20% во рок од 4 месеци. Во зависност од Вашите маркетинг кампањи, ова би требало да биде релевантно и остварливо. Оваа цел е исто така специфична, нејзините резултати се мерливи и е временски ограничена.

Пред да започнете со било каков маркетинг метод, запишете си ги Вашите цели. Потоа, анализирајте ги Вашите методи и тактики кои ќе Ви помогнат да ги остварите тие цели, а тоа нè води во чекор број четири.

4. Анализирајте ги Вашите методи

До овој чекор, веќе ги имате запишано Вашите цели кои се базираат на Вашата таргет публика и моментална ситуација. Сега е време да размислите кои тактики ќе ги користите за да ги реализирате тие цели. Исто така, да размислите и анализирате кои се правилните канали на кои треба да се фокусирате.

На пример, доколку Вашата цел е да ги зголемите Вашите следбеници на Instagram за 20% во рок од 4 месеци, Вашите тактики би вклучувале враќање на секој коментар, редовно објавување (3 до 5 пати неделно) и лансирање на giveaway.

Кога ги знаете Вашите цели, направете brainstorming сесија со Вашиот тим и идентификувајте ги тактиките со кои сакате да ги постигнете. Но, не заборавајте да го имате Вашиот буџетот на ум при утврдувањето на тактиките, што нè носи на петтиот и последен чекор.

5. Поставете си буџет

Пред да започнете со имплементирање на Вашите идеи кои ги утврдивте во претходните чекори, потребно е да го знаете Вашиот буџет кој го имате на располагање.

На пример, Вашите тактики можеби вклучуваат платено рекламирање на социјалните медиуми. Но, доколку го немате буџетот за тоа, тогаш можеби нема да бидете во состојба да ги остварите Вашите цели.

Доколку не сте задолжени за буџетот, прашајте ја вистинската личност за тоа со колкав буџет располагате за остварување на зацртаните идеи кои треба да им ги презентирате. Пред да разговарате со одговорната личност за финансии, пресметајте колкав буџет вкупно Ви треба за секоја тактика, како на пример месечна реклама на Facebook.

ПРО-ТИП: Најдобриот начин да поставите маркетинг план за годината што доаѓа е да започнете со „брзи победи“, односно полесно остварливи цели во првата четвртина од годината. На тој начин, самодовербата на Вашиот тим ќе се дигне на повисоко ниво и со тоа ќе бидете поспремни за остварување на поголеми и посериозни цели сè до крајот на годината.