fbpx

Поради целава ситуација со коронавирусот, Black Friday за многу маркетери дојде некако пребрзо и нè фати помалку „неспремни“. Да, веќе е средина на ноември и денот на најголемите намаленија во годината се наближува. Оваа традиција доаѓа од САД и секоја година станува сè попопуларна со поголем број на мали и големи бизниси кои одлучуваат да приготват Black Friday понуда. И има зошто – корисниците веќе очекуваат примамливи намаленија и големи попусти, а кога има очекувања и барања, има и продажби.

Вистината е што подготвувањето на една успешна Black Friday кампања бара многу залагање. Сè почнува од внимателно и детално планирање преку утврдена стратегија за кога, што и како ќе се одвиваат сите Ваши активности во оваа маркетинг кампања.

Во овој блог пост, ќе издвоиме многу важни основни совети за лансирање на успешна Black Friday маркетинг кампања и ќе наведеме 5 маркетнг стратегии кои може да ги искористите додека сèуште не е доцна!

Не чекајте го точниот датум

Иако Black Friday е само еден ден, повеќето бизниси го раздолжуваат колку што е можно повеќе со цел да ја искористат цела таа купувачка еуфорија. Но, не правете ја грешката да ја дигнете антиципацијата прерано. Онлајн купувачите често одложуваат и забораваат да ги комплетират своите нарачки, бидејќи се преплавени од Ваши конкуренти кои исто така сакат да им продадат ист или сличен производ. Доколку направите атрактивна понуда без опција да се искористи веднаш или наскоро, тука имате пропуштени нарачки.

Доколку ја разлистете почетната страница на Facebook или Instagram, верувам дека веќе имате најмалку 3-4 Black Friday реклами кои Ве прогонуваат веќе неколку денови. Продолжувањето на Black Friday во недела или две, или пак во цел месец, е веќе популарно низ целиот свет. Но, поважно од тоа да лансирате пред време е да лансирате во вистински момент.

Лансирајте реклама за да ја наговестите Black Friday акцијата, а потоа друга за да им дадете конкретна понуда на купувачите. Вистинскиот момент за лансирање на целата кампања е да имаат доволно време да преземат акција и да одлучат дали ќе ја искористат Вашата понуда или не.

Бидете уникатни и лесно запаметени

Понекогаш брендовите знаат да остават силен впечаток кој трае – е токму ваков впечаток треба да биде Вашата цел овој Black Friday. За да успеете во тоа, потребни се две состојки: уникатност и креативност.

Како што веќе спомнавме, ќе имате голема конкуренција што значи ќе бидете принудени да бидете креативни и уникатни со цел да се издвоите. Како пример може да ја издвоиме кампањата на Kohl’s, која на не традиционален начин успеа да спроведе успешна Black Friday кампања преку воспоставување на дво-канална комуникација со своите постоечки и потенцијални купувачи.

Преку прашување на публиката прашања преку сите свои канали на социјалните медиуми кои водеа до Black Friday, Khol’s добија многу engagement на сите свои платформи. Тоа значи зголемен органски reach и помал трошок за платени реклами.

Доколку се одлучите да го следете овој пример, бидете сигурни дека ќе го монетизирате тоа внимание на социјалните медиуми преку call-to-action или повикувачи на акции во сите Ваши објави. На крајот од денот, Вашата цел е да ги претварате луѓето во Ваши потрошувачи.

Вклучете инфлуенсери

Кај нас инфлуенсерите се сèуште растечки тренд, додека во светот стануваат број 1 маркетинг стратегија за многу мали, средни и големи бизниси. Заклучокот е дека се сепак еден од најмоќните двигатели во дигиталниот маркетинг. Вклучувањето на инфлуенсер или повеќе инфлуенсери во Black Friday кампањата ќе Ви помогне на понудата да биде забележана од најсличните луѓе на Вашиот идеален купувач-профил.

Сигурно веќе сте забележале дека дел од инфлуенсерите кои (можеби) ги следите објавуваат објави со означени производи на нив и упатства во caption-ите. На овој начин, Вашата понуда е пласирана директно на релевантна публика која има многу поголеми шанси да ја искористи Вашата понуда од било која друга „cold“ публика, односно публика која Ве среќава за прв пат.

Преложете нешто повеќе од намаление

Генералната идеја за Black Friday е дека има огромни намаленија (што до некаде е точно), а тоа значи дека ќе имате голема конкуренција. Како ќе се издвоите Вие од сите други? Одговорот е лесен за предвидување – предложете нешто повеќе.

Постојат неколку идеи кои би можеле да Ви ги предложиме, како на пример бесплатна достава без никакви услови, дополнителни поени на нивната картичка за лојалност или дополнителен купон за попуст за наредни нарачки од 30 до 50%. Ова дополнително нешто ќе им даде причина плус да ја искористат Вашата понуда, а и ќе помогне во градењето на довербата кај нив за евентуално да станат Ваш постојан купувач, и сè тоа благодарение на еден ден во годината.

Подгответе изненадувања

Најлесниот начин да го добиете вниманието од некој е да му предложите нешто кое не го очекувал. На овој принцип се базираат некои од најинтересните Black Friday кампањи, како што е на пример Cards Against Humanity.

Несомнено, еден од најзабавните брендови за друштвени игри Cards Against Humanity лансираа сами своја кампања назад во 2013-та година за Black Friday. За разлика од своите конкуренти, наместо намаление, ја зголемија цената на своите карти за 5 долари. Резултатот: направија многу повеќе продажби од обично.

Во 2015-та година, повторно решаваат да дадат можност на луѓето да си купат апсолутно ништо за цена од 5 долари. И дури 11,248 луѓе инвестираа во оваа бизарна идеја и си купија ништо.

Во 2018-та година, брендот конечно се одлучува да се вклучи во Black Friday трендот и да понуди намаление на своите клиенти и тоа, ни помалку ни повеќе, туку цели 99%. Производите во нивната понуда беа повеќе од бизарни: банкнота од 20 долари, картонска фигура од Орландо Блум, 85-инчен Sony 4K Ultra HD Smart LED TV, 2015 Red Ford Fiesta (25k miles) и што ли уште не. Дури смешно е да се каже дека и оваа кампања им беше успешна.

Инаку, сајтот сèуште стои, може да го погледнете овде: https://www.99percentoffsale.com/ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вистински очобол е.

Ова беа само 5 совети кои би можеле да Ви помогнат за успешна Black Friday маркетинг кампања. Се надеваме дека преку примерите и советите ќе дојдете до вистинската идеја и стратегија за Вашиот уникатен бизнис. Не заборавајте да бидете храбри и креативни!