fbpx

Што ќе се учи?

Нашите инструктори Сашко Николовски и Ване Костуранов се врвни графички дизајнери со повеќегодишно искуство и 8 неделната програма содржи know-how за како да ги владееш најважните алатки и софтвери за дизајнирање за да можеш да ја претвориш твојата идеја од скица на парче хартија во дигитална верзија. Нивното огромно искуство со работа со клиенти ќе им помогне лесно да ги издвојат најпотребните практични вештини во оваа професија кои ќе бидат од есенцијална важност да ги примените на работното место.

Важно:

Академијата за графички дизајн ќе се одржи во просториите на SourceMX Academy во Струмица. Нашиот тим ќе ги превземе сите потребни превентивни мерки за заштита на учесниците и инструкторите. Поради тоа, академијата за дизајн ќе биде ограничена на само 8 учесници кои ќе бидат поставени на соодветно растојание.

8 недели

24 предавања

3 Ментори

23ти јуни

Запознај ги нашите ментори

Со цел да те припремиме најдобро што можеме за успешна кариера како графички дизајнер, поканивме 3 од најискусните и најталентираните илустратори, дизајнери и фото-манипулатори во југоисточниот регион, а и во државата.

Сашко Николовски

Illustrator | Designer

Сашко Николовски е илустратор и графички дизајнер со 12+ години искуство во областа. Проектите кои го носат неговиот отпечаток се многубројни принт и веб дизајни, вклучувајќи флаери, логоа, бизнис картички и банери, а она по што е најпознат е типографијата, инаку еден од најважните елементи во дизајнирање.

Ване Костуранов

Illustrator | Painter

Ване Костуранов е истакнат македонски ликовен уметник и графички дизајнер со долгогодишно искуство, чија уметност може да ја забележите и на платно и на екран. Неговиот стил е пред сè искрен, колоритен, жив и детската наивност и љубопитност му е главна инспирација, што е и евидентно во речиси секое негово дело.

Aron
Visuals

Digital Artist | Photoshop

Арон е дигитален уметник од Србија чија цел на овој курс ќе биде да ги открие сите тајни и знаења за Adobe Photoshop. Неговите дела во повеќе наврати биле дел од официјалните веб страни на Adobe, како што се Adobe Photoshop, Creative Cloud, Students и слични, а често пати и е објавуван на Instagram од истите.

Што по завршувањето на Академијата?

По завршувањето на академијата, те следува БЕСПЛАТНА 2-дневна обука за како да се поставиш како успешен фриленсер, односно како независно од дома да започнеш да изработуваш дизајни и да ги продаваш на клиенти кои имаат потреба. Има многу што да се научи во врска со фриленсинг, но затоа ќе ве препуштиме на искусен фриленсер со „стаж“ од 5 години и искуство со повеќе од 100 клиенти во истиот период во кој не се сомневаме дека ќе ве насочи на правиот пат.

Твое е дали ќе бараш вработување во агенција за графички дизајн или ќе започнеш како фриленсер. Но, знаејќи ја ситуацијата во нашиот регион со недостатокот на слободни позиции за дизајнери, одлучивме да ви овозможиме на сите учесници знаење и насоки за како да се поставите правилно и успешно од дома и надминувајќи ги сите возможни гео бариери, да стигнете до високо платена работна позиција.

БЕСПЛАТНА 2-ДНЕВНА ОБУКА ЗА ФРИЛЕНС

По завршувањето на академијата, добивате обука за како да започнете кариера како фриленсери. Инструкторот Кристијан Арапов, инаку повеќегодишен full-time фриленсер, преку свои лични примери и искуства ќе ви помогне да се поставите успешно на фриленс платформите и како да барате добро платени работи како дизајнери на глобалниот пазар.

Најпрво ќе започнеме со креирање на профил на платформите за фриленс и ќе го креираме нашето портфолио во кое ќе прикачеме дела од реалните проекти. Како да го оптимизираме нашето портфолио за да дојдеме до поголем број на клиенти ќе биде исто така тема на работа. Ќе учиме како се пишуваат барања за работа и како се комуницира со клиенти.

Дела од наши учесници на кратки курсови за дизајн

Зошто да се запишам?

 

Менторство од искусни, талентирани и посветени дизајнери

 

Работа на реални проекти за клиенти

 

Бесплатна фриленс обука по завршувањето на академијата

Процес на аплицирање

Цена за академијата: 400 евра – со можност за плаќање на рати без камата

Секој кој знае да направи движење со молив или четкичка и би сакал да изгради кариера од својот талент и да научи повеќе за графички дизајн е добредојден да се пријави на оваа академија за графички дизајн. Желба, мотивација и посветеност се единствените критериуми кои треба да ги поседувате за да бидете дел од академијата. Знаењето, вештините и насоките ќе ви бидат предадени на оваа академија која ја организираме за прв пат и е наменета токму за луѓе со голема желба и мотивација.

Процесот на апликација е многу едноставен: пополнете ја формата со вашите информации и нашиот тим ќе ве контактира во најбрз временски рок. По аплицирањето веднаш ќе добиете и-меил за потврда и наскоро ќе ве контактираме со цел да утврдиме дека сте добро запознаени со оваа академија и ќе ви разјаснеме доколкуте имате некакви прашања. Пополнете ја формата за да бидете дел од првата академија за графички дизајн на SourceMX Academy.

попуст-5-јуни

Пополни ги информациите и нашиот тим ќе те контактира за следните чекори