fbpx

Adobe Illustrator: Од почетник ентузијаст во напреден графички дизајнер

Ова е ваша ексклузивна можност да го научите Adobe Illustrator и од основно ниво да постигнете високо, професионално ниво. Се што ви треба е да имате инсталирано Adobe Illustrator на вашиот компјутер (за тоа ќе се погрижиме ние), молив и хартија. Од тука ќе започне патувањето наречено дизајн на најразлични нешта. На овој курс ќе ги научиме сите корисни алатки кои ги поседува илустратор и како да ги користиме за да креираме дизајни кои се полни со живот и вредност.

Целта на овој курс е да споделиме и да ги научиме најважните информации и техники за овој софтвер за да може да создавате интересни дизајни.  Курсот вклучува одлични и корисни практични вежби за секое поглавје. Овој курс е одлична можност за брзо време да ги научите клучните алатки кои ќе ве издигнат на професионално ниво и ќе ви овозможат да започнете кариера како графички дизајнер.

За кого е наменет овој курс:

  • За почетници кои никогаш немат користено Adobe Illustrator
  • За оние кои се заинтересирани да научат дизајн на понапредно ниво
  • За поискусни корисници на Illustrator кои сакаат да ги надоградат своите знаења

Запознај го инструкторот:

Сашко Николовски

Професионалниот илустратoр и графички дизајнер, Сашко Николовски, ќе ги сподели со тебе сите тајни и трикови за овој софтвер за да можеш да започнеш да работиш индивидуално. Без разлика дали сакаш да дизајнираш за принт или веб, овој курс ќе ти помогне да дознаеш напредни функции во Illustrator и со тоа ќе ги подобри твоите дизајни.

Illustrator | Designer

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

  • Секој учесник носи свој лаптоп за предавањата.
  • Не е потребно никакво познавање од Illustrator.
  • Не е потребно да имате инсталирано Illustrator (ние ќе се погрижиме за тоа).
  • Добиваш сертификат за успешно завршување на курсот.
Почеток:

3-ти,  4, 6, 7, 10, 11 и 12-ти

Времетраење:

17:00 до 19:30 часот

Цена

5.000 денари

Контакт:

078 699 499

Тимот на SourceMX може да обезбеди лаптоп за двајца учесници.
На курсот може да се пријавиш на нашата веб страна или на телефон 078 699 499.
Откако ќе се пријавите нашиот тим ќе ве контактира и ќе ви испрати уплатница, а со уплата го резервирате вашето место на курсот.

Во моментов нема нови соопштенија.


Be the first to add a review.

Please, login to leave a review
Add to Wishlist
Капацитет: 10 учесници
Времетраење: 7 дена
Ниво: Напредно