fbpx

[ONLINE] Facebook & Instagram Ads

Научете како да креирате реклами за Facebook и Instagram кои носат вистински резултати!

Пополни ги информациите и нашиот тим ќе те контактира за следните чекори

Плати онлајн

Почеток:

1-ви, 3-ти, 6-ти и 7-ми јули

Времетраење:

17:30 до 19:00 часот

Цена

3.500 денари

Контакт:

078 699 499

Никогаш не било поидеално време од денеска да научите како да започнете со градење на база на корисници на Facebook, најголемата социјална мрежа во светот со повеќе од 2.5 милијард дневно активни корисници. Без разлика дали Вашиот бизнис е фокусиран на локално, регионално или глобално ниво, едно е сигурно: Вашите потенцијални корисници се на Facebook, а оние кои не се, ќе ги најдете на Instagram.

Со помош на атрактивни и квалитетни реклами кои го претставуваат Вашиот бренд, рекламирањето на социјални мрежи се одлична алатка за зголемување на препознатливоста на Вашиот бренд и за зголемување на продажбата на услуги/производи. Потенцијалот што овие две социјални мрежи го поседуваат за Вашиот бизнис е голем, без разлика дали Вашата таргет публика е B2B (бизниси) или B2C (крајни потрошувачи). Покрај тоа што конкуренцијата е голема во која и индустрија да сте, знаењето на правилно поставување реклами и следењето на проверени маркетинг тактики и методи ќе Ви створат конкурентна предност.

Најглавни нешта кои ќе ги научите на овој курс:

    • Да го владеете Business Manager и Facebook Ads Manager
    • Да дојдете до вистинската публика
    • Да имплементирате Facebook Pixel и напредни стратегии за следење на реклами
    • Да практикувате напредни стратегии за ретаргетирање
    • Да постигнете цена од $0.01 по клик/акција со докажани стратегии

На овој 4-дневен курс, ќе имате можност да се стекнете со длабоко познавање на Business Manager, односно со платформата за рекламирање на Facebook и со сите нејзини алатки и можност, ќе се запознаете одблизу со строгата полиса на Facebook за рекламирање, ќе ги научите сите видови на рекламни кампањи кои ги нуди Facebook Ads Manager, како да инсталирате Facebook Pixel на Вашата страна и како да го користите за напредни маркетинг стратегии, како да дојдете до Вашата таргет публика и напредни ретаргетинг стратегии кои носаат резултати, стратегии за реклами кои конвертираат и сите видови на реклами кои може да ги креирате на Facebook Ads Manager, што е А/B тестирање и кога да го користите, како да креирате извештаи и да праќате на клиенти или соработници, и многу друго!

Запознај го инструкторот:

Горан Николов

Во време кога огромен дел од компаниите се на Facebook и Instagram, разликата ја прави посветеноста на успех и брзата прилагодливост според најновите промени во светот. Ова се токму карактеристиките кои идеално го опишуваат Горан. Со голема посветеност кон секој клиент и нивните уникатни барања, нашиот инструктор ќе ве подготви за креирање реклами на Facebook и Instagram: од правење анализа и стратегија до постигнување резултати преку високо-перформирачки кампањи.

instruktor-goran-nikolov

Facebook Ads | Messenger Marketing Expert

Курсот го води Горан Николов, Account Manager и Facebook Ads експерт во Roccad, кој во период од 2+ години има потрошено повеќе од $150,000 на реклами на Facebook и Instagram за најразлични клиенти од повеќе држави во светот. По завршувањето на курсот ќе бидете не само подготвени да започнете со рекламирање на Вашиот бизнис, туку и да донесте одлични резултати. Исто така, ќе го имате знаењето да започнете кариера како Social Media Marketer.

Курсот за Facebook & Instagram Ads е наменет за сите оние кои сакаат да се запознаат со Facebook платформата за рекламирање и да се здобијат со длабоко познавање на принципот на работа во платформата, како и, преку вистински примери, да научат како правилно да лансираат реклами кои носат вистински резултати. Го препорачуваме на сите сопственици на мали бизниси кои поради ограничените ресурси за маркетинг е есенцијално тие самите да се надоградат со овие вештини. Исто така е идеален и за фриленсери кои константно бараат нови вештини да понудат на работодавачите и со тоа да си ја зголемат заработувачката, продажни агенти кои имаат желба за личен раст и зголемен процент на продажба и сите други маркетинг ентузијасти кои имаат желба за започнување на нова кариера во Social Media Marketing.

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

  • Добиваш дигитален сертификат за успешно завршување на курсот.
  • Курсот ќе се одржи онлајн, секој пријавен ќе биде контактиран со повеќе информации.
  • Секој пријавен ќе добие упатство за онлајн курсот.
1
Day 1: Introduction to Facebook’s Business Manager
1:30
2
Day 2: Going deep into Facebook Ads Manager
1:30
3
Day 3: All about that audience
1:30
4
Day 4: Create, test, optimize, get results!
1:30
Тимот на SourceMX може да обезбеди лаптоп за двајца учесници.
На курсот може да се пријавиш на нашата веб страна или на телефон 078 699 499.
Откако ќе се пријавите нашиот тим ќе ве контактира и ќе ви успрати уплатница со уплатата го резервирате вашето место на курсот.
No announcements at this moment.

Be the first to add a review.

Please, login to leave a review
Add to Wishlist
Капацитет: 30 учесници
Времетраење: 4 дена
Предавања: 4
Ниво: Напредно