fbpx

Курс за Facebook & Instagram Рекламирање

Дали си спремен да го маркетираш твојот бизнис на правилен начин на Facebook и Instagram и да ја пронајдеш вистинската публика која ќе развие длабока, значајна врска со твојот бизнис? Пријави се на овој курс и однеси ги твоите вештини како маркетер на социјалните медиуми на следното ниво!

Facebook и Instagram маркетинг во 2020

Пред почетокот на новата 2020 година, Facebook е сеуште најголемата социјална мрежа во светот со преку 2.3 милијарди дневно активни корисници. Во Македонија бројката на активни дневни корисници се движи околу 1.1 милион, што значи дека е несомнено најголемата и најмногу користената социјална мрежа во државата. Instagram е понова социјална мрежа, но по преземање од Facebook во 2012 година, прерасна во најпопуларната мрежа помеѓу помладите. Со една милијарда дневно активни корисници, Instagram е несомнено одлично место за рекламирање на вашите производи или услуги, како и на зголемување на свесноста за вашиот бренд. Вкупниот потенцијал што овие две социјални мрежи го поседуваат за твојот бизнис е огромен, без разлика дали продавате на други бизниси (B2B) или директно на крајни потрошувачи (B2C).

Бројот на бизниси кои се рекламираат на Facebook и Instagram е во постојан раст, па потребата да креирате редовно објави и Story-ња и да поставувате квалитетни реклами е голема. Се разбира, со оглед на тоа што конкуренцијата е голема, вистински предизвик е да се издвоиш со вредност за корисниците во секоја една објава, што секако дека би можела да резултура во вредност за тебе и твојата компанија.

На овој 5-дневен курс ќе имаш можност да стекнеш практични вештини за креирање на Facebook бизнис страна и Instagram бизнис профил, за поврзување помеѓу истите, за правилна оптимизација на профилите за полесно да бидат пронајдени при пребарувања од корисници, за креирање добра реклама и пласирање пред вистинската публика со што буџетот на една реклама ќе биде потрошен оптимално. Овие практични вештини ќе ти бидат предадени од Горан Николов, Facebook Ads експерт кој со својата маркетинг агенција SourceMX, во период од 2 години има потрошено повеќе од $100,000 на реклами на Facebook и Instagram за повеќе клиенти.

На курсот ќе се запознаеш со сите видови реклами за Facebook и Instagram, кои се најефикасни и за какви цели, како и многу други корисни алатки и практики за квалитетни и ефикасни реклами кои ќе имаат висок ROI. На крајот од 5-дневниот курс, ќе бидеш комплетно подготвен да поставиш реклама која ќе донесе резултати за твојот бизнис или личен проект, или пак можеби да бараш вработување како Social Media Marketing Manager.

Најглавни нешта кои ќе ги научиш преку практична работа:

  • Креирање и правилно подесување на Facebook Business Page и Instagram Business Account
  • Одредување високо-перформирачка публика според потребите и целите на бизнисот
  • Креирање визуелна содржина за рекламите
  • Креирање на квалитетен „ad creative“ (ad copy, фотографија, наслов, опис)
  • Поставување рекламни кампањи на Facebook и Instagram преку Business Manager
  • Следење на резултати и скалирање

Курсот за Facebook и Instagram маркетинг го препорачуваме на сите оние кои сакаат да се запознаат во детали со принципот на работа на платформата за рекламирање на Facebook и Instagram и да се стекнат со практични вештини во Business Manager. Го препорачуваме и за сите сопственици на мали бизниси кои поради ограничените ресурси за маркетинг е есенцијално тие самите да се надоградат со овие вештини. Исто така, курсот е идеален и за фриленсери кои константно бараат нови вештини да понудат на работодавачите и со тоа да ги зголемат заработките, продажни агенти кои имаат желба за личен раст и зголемен процент на продажба и сите други кои сакаат да започнат нова кариера како маркетери на социјалните медиуми.

Запознај го инструкторот:

Горан Николов

Во време кога огромен дел од компаниите се на Facebook и Instagram, обидувајќи се да ја пронајдат вистинската публика, разликата ја прави посветеноста на успех и брзата прилагодливост според најновите промени во светот на маркетингот. Ова се токму карактеристиките кои идеално го опишуваат Горан. Со голема посветеност кон секој еден клиент и нивните уникатни барања, нашиот инструктор за овој курс знае точно како да ве подготви за креирање реклами на Facebook и Instagram: од правење анализа и стратегија до постигнување резултати преку високо-перформирачки кампањи.

instruktor-goran-nikolov

Facebook Ads | Messenger Marketing Expert

Почеток:

18-ти, 20, 21, 25 и 28-ми  февруари

Времетраење:

17:00 до 19:30 часот

Цена

3.800 денари

Контакт:

078 699 499

2
Facebook & Instagram: Ден 2
3
Facebook & Instagram: Ден 3
4
Facebook & Instagram: Ден 4
5
Facebook & Instagram: Ден 5
Тимот на SourceMX може да обезбеди лаптоп за двајца учесници.
На курсот може да се пријавиш на нашата веб страна или на телефон 078 699 499.
Откако ќе се пријавите нашиот тим ќе ве контактира и ќе ви успрати уплатница со уплатата го резервирате вашето место на курсот.
No announcements at this moment.

Be the first to add a review.

Please, login to leave a review
Add to Wishlist
Капацитет: 10 учесници
Времетраење: 5 дена
Предавања: 5
Ниво: Почетник