fbpx

[ONLINE] AutoCAD курс

Пополни ги информациите и нашиот тим ќе те контактира за следните чекори

Плати онлајн

Почеток:

26-мај (5 недели)

Времетраење:

18.00 до 20.30 часот (вторник и четврток)

Цена

4500 денари

Контакт:

078 699 499

AutoCAD е една од најпопуларните програми во светот и затоа сметаме дека секој инженер и дизајнер треба да биде запознаен. Се користи за правење концепти од идеи, продукт дизајни, брзи пресметки за дизајни, симулации во производителната индустрија и за правење цртежи со висока техничка прецизност.

Што може да креирате со  AutoCAD?

Програмата може да се користи за едноставни проекти, како што се графикони или презентации, или сложени дизајни, како изготвување на архитектурата на една зграда.
Исто така, често се користи и за:
  • Внатрешни дизајни
  • Воздухопловни дизајни
  • Инженерски дизајни
  • Архитектонски дизајни

Овој курс  е направен за да ви помогне да научите брзо и лесно да работите во AutoCAD, така што ќе ве научи на работите што треба да ги знаете без долги и образложени објаснувања за техники и команди што веќе не се користат.

Нашиот инструктор Ивица со своето долгогодишно искуство во индустријата досега држел повеќе обуки и им помогнал на многу луѓе да го запознаат и завладеат софтверот. AutoCAD можеби има репутација на комплициран, но голем дел од ова се сведува на фактот дека многумина инструктори предаваат застарени техники. Методите што ги користи Ивица се базираат на многу практична работа и креирање реални проекти.

По овој курс, ќе имате високо познавање на интерфејсот на AutoCAD со сите алатки и можности, што значи дека ќе бидете способни самостојно да изработите цртеж, 2D или 3D форма или било каков дизајн и да сакате.
Ивица: „Со нетрпение очекувам да ве запознаам со овој софтвер и брзо да преминете кон изработка на реални проекти.“
За кој е овој курс:
  • Секој што сака да научи да владее со AutoCAD
  • Секој што сака да биде инженер или дизајнер
  • Секој што можеби користил AutoCAD порано и би сакале да се надогради
  • Секој што сака да го надополни своето CV со нова вештина

Запознај го инструкторот: Ивица Мирчевски

Ивица е дипломиран универзитетски инженер по машинство. Тој е сертифициран инструктор за  AutoCAD и има огромно искуство во предавања на оваа материја. Огромното искуство во овој софтвер на Ивица му доаѓа од огромниот број на реални проекти кои ги има тој зад себе.

Mechanical Engineer

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

  • Добиваш сертификат за успешно завршување на курсот.
  • Курсот ќе се одржи онлајн, секој пријавен ќе биде контактиран со повеќе информации.
  • Секој пријавен ќе добие упатство за онлајн курсот.
Откако ќе се пријавите нашиот тим ќе ве контактира и ќе ви испрати уплатница со уплатата го резервирате вашето место на курсот
На курсот може да се пријавиш на нашата веб страна или на телефон 078 699 499.
No announcements at this moment.

Be the first to add a review.

Please, login to leave a review
Add to Wishlist
Капацитет: 10 учесници
Времетраење: 5 недели
Ниво: Почетник