fbpx

[ONLINE] WordPress курс: Изгради веб продавница

Пополни ги информациите и нашиот тим ќе те контактира за следните чекори

Плати онлајн

Почеток:

10, 12, 17 и 19-ти јуни

Времетраење:

16:00 – 19:00ч.

Цена

3.890/2,918‬ денари

Контакт:

078 699 499

Сега повеќе од било кога, бизнисите преминуваат кон онлајн продажба со цел нивните потрошувачи да можат да ги уживаат производите и услугите на бизнисот во својот дом. Трендот за онлајн продажба не е нов, во Македонија и глобално е присутен веќе повеќе години, но заради глобалната пандемија и препораките за седење дома, онлајн продажбата се покажа како единствен начин за голем број бизниси да функционираат и опстанат.

На овој курс целосно ќе го опфатиме процесот на креирање веб продавница, почнувајќи од купување домен и хостинг, инсталирање на WordPress, објаснување на основното WordPress мени, инсталирање WooCommerce и креирање производи, како и дизајнирање на веб продавницата.

Зошто да се пријавите на овој курс?

Затоа што онлајн продажбата ќе продолжи да расте и доколку не се насочите кон оваа индустрија што порано, тогаш вашиот бизнис ќе биде во опасност за опстанок.

Што ќе учиме на овој курс?

  • Домени и хостинг
  • Инсталирање WordPress
  • Менаџирање на WordPress страна
  • Инсталирање WooCommerce и креирање производи
  • Градење на веб продавница
  • Поставување систем за плаќање

За кого е наменет овој курс?

За сите сопственици на бизниси кои нудат производи или услуги и размислуваат за преминување кон онлајн продажба. Исто така овој курс е одличен за сите што размислуваат да започнат со онлајн продажба, со што ќе може да ги добијат потребните знаење за лансирање на нивниот бизнис.

Запознај го инструкторот: Глигор Ризов

Глигор Ризов, основач на SourceMX Academy и повеќе-годишен маркетер. Глигор главно работи како дигитален маркетер но има огромно познавање и искуство со WordPress. Знаејќи ја важноста денес да се биде присутен на интернет тој ќе ви помогне да изградите атрактивна веб продавница која ќе остварува интернет продажби во високо темпо.

Facebook Ads Expert | Chatbot builder

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

  • Добиваш сертификат за успешно завршување на курсот.
  • Курсот ќе се одржи онлајн, секој пријавен ќе биде контактиран со повеќе информации.
  • Секој пријавен ќе добие упатство за онлајн курсот.
1
Ден 1: Купување домен и хостинг, објаснување на cPanel и инсталација на WordPress
2
Ден 2: Креирање категории, мени, страни и други материјали во WordPress
3
Ден 3: Инсталирање WooCommerce, креирање производи, градење на веб продавница
4
Ден 4: Градење на веб продавница, инструкции за како да се постави систем за плаќање
No announcements at this moment.

Be the first to add a review.

Please, login to leave a review
Add to Wishlist
Капацитет: 12 учесници
Предавања: 4
Ниво: Почетник