fbpx

Програмирање за почетници: HTML & CSS Basic

HTML & CSS се најдобрите и најчесто употребувани веб технологии на кои се базирани 90% од веб страниците во светот. Доколку планираш да започнеш кариера како веб програмер или веб дизајнер, HTML и CSS се првите два јазика што ќе треба да ги усовршиш. Всушност, HTML е потребен за секој што сака да влезе во веб развојот од кој било агол. Учењето истовремено со CSS ќе ти овозможи да додадеш интересни стилови на твоите веб страни без потреба од напредни вештини и други програмски јазици, како што е JavaScript.

Што можете да научите на овој курс?

Најпрво ќе се запознаеме со изучување на основите на HTML, а тоа вклучува изучување на основните тагови, параграфи, листи, табели и форми. Понатаму ќе преминеме на изучување на основните CSS стилови, селектори и правила. Исто така ќе се запознаеме и со двата нови стандарди HTML5 и CSS3.

Курсот е фокусиран на пишување код, поточно на целосно практична работа. На овој курс ќе поминеме низ целиот процес на градење и започнување со еден веб-проект. Ова вклучува дизајнирање, кодирање, планирање, пишување чист и организиран код, оптимизација на веб-страница, најдобри практики и многу повеќе.

Овој курс е наменет за тотални почетници кои сакат да ги научат основите на HTML & CSS, за дизајнери кои сакаат да се надоградат себеси, како и за секој кој сака да додаде некоја вештина во нивното CV. 

Запознај го инструкторот: Танкица Гонева

Танкица Гонева е дипломиран инженер по информатика, која со голема желба и интерес ги изучува и практикува Front-End технологиите за развивање на веб страни. Со нејзина помош ќе ги научите основните веб технологии HTML & CSS, и ќе научите многу корисни алатки кои може да ви помогнат во вашето понатамошно работење. Танкица со огромно задоволство ќе го сподели своето знаење со вас и ќе ви помогне да навлезете во оваа област која денес е многу актуелна.

Front-End Developer | Course Organiser

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

  • Секој учесник носи свој лаптоп за предавањата.
  • Добиваш сертификат за успешно завршување на курсот.
Почеток:

25, 26-ти  јануари и 01 и 02-ри февруари

Времетраење:

17:00 до 19:30 часот

Цена

3.700 денари

Контакт:

078 699 499

1
Day 1: Course Intro Introduction to HTML
2
Day 2: Introduction to CSS
3
Day 3: Exercise
4
Day 4: CSS Formatting and Positioning
5
Day 5: CSS and HTML Advanced
6
Day 6: Creating landing page
Тимот на SourceMX може да обезбеди лаптоп за двајца учесници.
На курсот може да се пријавиш на нашата веб страна или на телефон 078 699 499.
Откако ќе се пријавите нашиот тим ќе ве контактира и ќе ви успрати уплатница со уплатата по резервирате вашето место на курсот.

Во моментов нема нови соопштенија.

4
4 out of 5
6 Ratings

Detailed Rating

Stars 5
3
Stars 4
0
Stars 3
3
Stars 2
0
Stars 1
0

{{ review.user }}

{{ review.time }}
 

Show more
Please, login to leave a review
Add to Wishlist
Капацитет: 10 учесници
Времетраење: 6 дена
Предавања: 6
Ниво: Почетник