fbpx

Започни кариера како фриленсер

Дали сакаш да започнеш нова кариера, каде ти ќе бидеш сам свој газда? Тогаш овој курс е вистинска шанса за тебе. Концептот на работење како “freelancer” е одличен начин да се надоградиш себеси со многу ново знаење и искуство, а притоа да заработуваш солидно.

Што можам да научам на овој курс?

Низ овој курс ќе те води инструкторот Кристијан Арапов, кој преку свои лични примери и искуства ќе ти ги открие тајните на freelance принципот на работење. Најпрво ќе започнеме со креирање на профил на платформите за фриленс и ќе го креираме нашето портфолио. Како да го оптимизираме нашето портфолио за да дојдеме до поголем број на клиенти ќе биде исто така тема на работа. Ќе учиме како се пишуваат барања за работа и како се комуницира со клиенти.

Кристијан ќе нѝ објасни и за тоа како правилно да менаџираме со нашите финансии и време. На овој курс покрај основните фриленс вештини ќе научите многу нови нешта, како на пример, како да се изградите како личност и како да комуницирате професионално.

Нешта на кои ќе посветиме најмногу внимание:

  • Freelance стратегии за цени
  • Како се пишуваат ефективни апликации за работа
  • Како да се справувате со различни типови на клиенти (кои клиенти плаќаат добро, а кои клиенти да ги избегнувате)
  • Како да останете продуктивни
  • Корисни алатки за менаџирање на вашите финансии, работни обврски и време
Овој курс е наменет за секој кој сака да се надогради себеси и да стекне нови вештини. 

Запознај го инструкторот: Кристијан Арапов

На овој курс инструкторот Кристијан Арапов кој активно ги користи дигиталните платформи за продавање на услуги, ќе ви ги открие тајните кои се од голема вредност за постигнување на дополнителна заработка или пак full-time работа. Кристијан ќе ви го открие најкраткиот пат како да се поставите на глобалниот маркет со креирање на свој онлајн профил.

Freelancer

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

  • Секој учесник носи свој лаптоп за предавањата.
  • Добиваш сертификат за успешно завршување на курсот.
Почеток:

18, 21, 25 и 28-ми февруари

Времетраење:

17:00 до 19:30 часот

Цена

2500 денари

Контакт:

078 699 499

1
Freelance Ден 1
2
Freelance Ден 2
3
Freelance Ден 3
4
Freelance Ден 4
Тимот на SourceMX може да обезбеди лаптоп за двајца учесници.
На курсот може да се пријавиш на нашата веб страна или на телефон 078 699 499.
Откако ќе се пријавите нашиот тим ќе ве контактира и ќе ви успрати уплатница со уплатата го резервирате вашето место на курсот.

Во моментов нема нови соопштенија.


Be the first to add a review.

Please, login to leave a review
Add to Wishlist
Капацитет: 10 учесници
Времетраење: 4 дена
Предавања: 4
Ниво: Почетник