[ONLINE] БЕСПЛАТЕН НАСТАН ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

Сега повеќе од било кога, дигиталната трансформација ќе одлучи за опстанокот или затварањето на вашиот бизнис. COVID-19 постави предизвик за сите бизниси кои треба да ја донесат одлуката дали ќе ги затворат вратите или пак ќе продолжат во насока на дигитална иновација и ќе опстанат.

Големото прашање кое сите бизниси ги засега, “Дали може мојот бизнис да се трансформира дигитално под огромниот притисок на кризата?” Токму тоа е главната тема на бесплатниот настан каде ќе дискутираме за бесплатни алатки со кои многу полесно и побрзо ќе работите, најдобри практики од бизнисите кои успеваат моментално, потенцијални можности и одржливост на бизнисите.

Почеток: 5-ти Maj, 12.00 до 13.30

Што ќе дискутираме на настанот

Алатки
Најдобри практики
Можности
Одржливост

Запознај го Инструкторот

20200214-IMG_4377.jpg

За инструкторот Глигор Ризов

Глигор Ризов, основач на SourceMX Academy и повеќе-годишен маркетер. Со успешна реализација на водење голем дел од својот бизнис онлајн и менаџирање и зголемување на онлајн присуство за голем број на клиенти, Глигор ја знае важноста на тоа колку е потребно еден бизнис да биде присутен на интернет за да успее да опстане, да расте и да остане имун на денешните менливи и непредвидливи побарувања.

За кој е наменето ова предавање?

Ако и вие сте дел од бизнисите кои се засегнати од моменталната ситуација тогаш овој настан е токму за вас. Ако во моментот не сте присутни таму каде што се наоѓа вашата целна група и ако не им ги давате информациите и услугите кои им се потребни, за жал нема што да понудите на моменталниот пазар.

Благодарение на интернетот имате многу дигитални алатки и технологии кои ви се на дофат на рака и со кои може да направите комплетна дигитална трансформација и да го овозможите опстанокот на вашиот бизнис.

Овој настан е дизајниран за:

  • Управители и основачи на бизниси и менаџери од сите бизнис сфери кои сакаат да направат стратегија за дигитална бизнис трансформација во својата организација.
  • За бизниси кои сеуште не можат успешно да се справат со пречките од дигиталнoтo работење или работата од дома.
  • За сите бизниси кои бараат нови начини своите производи услуги да ги понудат дигитално.
  • И за сите оние кои имаат било какви потешкотии во својата дигитална реализиција и трансформација.

Процес на аплицирање

Откако ќе ги пополнете информациите во формата, на вашиот меил ќе добиете упатство за онлајн предавањето. Дополнителни информации за предавањето исто така ќе ви бидат испратени на меил во текот на наредните денови од аплицирањето.

БЕСПЛАТНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА 5 БИЗНИСИ

По случаен избор 5 бизниси ќе добијат едночасовна консултација за персонализирана стратегија за дигитална трансформација на својот бизнис. Пополнете ја формата: бројот на учесници е ограничен!