fbpx

БЕСПЛАТНА 6 МЕСЕЧНА
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОГРАМИРАЊЕ

ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО, ПРВАТА ГЕНЕРАЦИЈА ОД АКАДЕМИЈАТА Е ВО ТЕК. НАРЕДНИ ДАТУМИ ЌЕ БИДАТ ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЈАВЕНИ

Почитувани наши следбеници и наши поддржувачи, со големо задоволство сакаме да ве известиме дека SourceMX Academy организира целосно бесплатна full-stack академија за програмирање со почеток во втората половина од ноември. Апликации примаме од денес, а бројот на учесници е ограничен до 12.

НАПОМЕНА: Часевите се организираат само во просториите на SourceMX Academy во Струмица

Кој може да се пријави на оваа академија?

Бесплатната академија е наменета за секој кој има желба да научи програмирање од нула и секој кој е спремен да биде 100% посветен на курсот. Сакаме да потенцираме дека ова е сериозна академија која трае 6 месеци со 3 предавања во неделата и вашето присуство и посветеност на курсот се есенцијални за успешна реализација на самиот проект. Исто така, поради тоа што по завршувањето на курсот SourceMX Academy директно асистира во наоѓање вработување за секој од учесниците, потребно е да бидете спремни на вработување како почетник програмер во ИТ компанија во Струмица, во околните градови, а можеби и пошироко.

Што ќе учиме:

Computer-Science

Computer Science

HTML Document

HTML/CSS

Data Interfaces

SQL/NoSQL database

Web Interface

JavaScript [React & NodeJS]

Инструктори

Капетани на оваа 6-месечно програмерско крстарење се Никола Костов, повеќегодишен веб девелопер, и Ванчо Стојков, JavaScript инженер. Нашите ментори го делат истиот ентузијазам и страст кон овој проект како нас, па затоа ве уверуваме дека часовите ќе се максимално успешни и продуктивни, а вашите барања секогаш ќе бидат одговорени.

Никола Костов

HTML & CSS

Никола Костов е Front-End Developer во SmartClick со 4 години искуство. Неговите секојдневни обврски вклучуваат креирање на “pixel-perfect” веб страни со помош на HTML, CSS и JavaScript, како и WordPress веб страни. Познат по упорноста и ефикасната организираност на кодот, Никола беше очигледен избор за инструктор за овој дел од академијата. По неколку успешни соработки со SourceMX Academy, немаме дилеми дека Никола несебично ќе ги сподели сите негови вештини и знаења за HTML и CSS со вас, како и да ве охрабри со своите ставови и мислења во врска за кариера како програмер.

Ванчо Стојков

JavaScript & Node.js


Ванчо Стојков е софтвер инженер со 14 години искуство, a некои од вас можеби го запознаа на настанот JavaScript Frameworks & Libraries. Во неговата кариера има работено на најразлични проекти кои вклучуваат и back-end и front-end вештини. Секојдневните обврски на Ванчо вклучуваат пронаоѓање на софтверски решенија. Поради неговата пасија кон перформанси и сè што вклучува JavaScript, Ванчо беше единствениот избор за инструктор за JavaScript и Node.js. Имаме 100% доверба во него дека ќе ги подготви учесниците за кариера во програмирање со користење на најнови технологии и најпопуларни јазици.

Што може да очекувате:

По завршување на 6-месечната академија за програмирање, SourceMX Academy ќе се погрижи да ви пронајде понуда за работа како почетник програмер во локална или регионална ИТ компанија. Целиот тим на SourceMX Academy, како и менторите, ќе ви стојат на располагање и при изработка на проектите во секое време. Доколку ти звучи како идеална можност да научиш програмирање, максимално да се посветиш на самонадградување и да присуствуваш на секој еден час во тек од шест месеци, пријави се веднаш и очекувај да те контактираме со повеќе информации!

Времетраење

clock
3 дена во неделата
старт
втората половина од ноември
calendar
6 месеци

Процес на апликации и селекција

Секоја една апликација доставена до 25-ти октомври ќе биде разгледана и земена во обѕир. Со цел да направиме една основна селекција, ќе има тестирање на кое ќе го провериме вашето основно познавање на компјутери и веб технологии.

Почнувајќи од 18-ти октомври, започнува процесот на интервјуирање на сите потенцијални учесници на академијата.

Овие интервјуа ќе нѝ помогнат да ве запознаеме со целиот модел на оваа бесплатна академија, на нејзината сериозност, да го разгледаме легалниот договор кој се склучува со секое учество, како и да се увериме дека ти имаш огромен потенцијал и си дефинитивно еден од 12-те учесници кои ги бараме. За да се осигуриме дека ќе имате доволно време да се подготвите за академијата, две недели пред почетокот на академијата ќе бидете известени по пат на СМС, Viber порака и и-меил дали сте избрани или не.

ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО, ПРВАТА ГЕНЕРАЦИЈА ОД АКАДЕМИЈАТА Е ВО ТЕК. НАРЕДНИ ДАТУМИ ЌЕ БИДАТ ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЈАВЕНИ

Оваа програма е овозможена преку Инструментот за поддршка – Кофинансирање грантови за новоосновани трговски друштва “старт-ап” и “спин-оф” од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.

Logo-trans