fbpx

Ако некогаш сте пишувале со некој бизнис на Facebook Messenger и сте го добиле она чувство дека “личноста” со која разговарате можеби е робот, тогаш најверојатно веќе имате искуство со разговарање со Chat Bot.

Пишувањето со Chat Bot е доведено до ниво да изгледа речиси идентично како пишување со вистински човек, затоа што Chat Bot-от е програмиран да ги предвиди и да одговори на сите прашања кои ќе му ги поставите.

Колку и да звучи забавно и кул, всушност НЕ пишувате со вистински робот како оние што ги гледате во филмовите што сакаат да го надминат и уништат човештвото измачени од потиснување на сопствените емоции и чувства.

Ова се поразлични роботи, а како сето тоа изгледа позади она што го гледате во вашиот Messenger ќе ви објасниме во овој текст.

Што всушност значи CHATBOTS?

Chatbot е всушност софтверска апликација која имитира предвреме напишан разговор од вистински луѓе со цел да се автоматизира интеракцијата со голем број на клиенти кои секојдневно ви пишуваат на Facebook Messenger.

Chatbot-от е способен да процесира текст кој го напишал одреден корисник на Facebook Messenger преку серија на алгоритми кои анализираат што всушност корисникот кажал, што мислел со тоа и да му спреми и презентира одговори базирани на информации кои веќе се внесени во апликацијата од човечка рака.

Chatbot-от е „прилично“ НОВ и доста ефективен начин за комуникација со клиенти. Програмиран е да одговара на обични клучни зборови, поточно “keywords”, или да одржува целосен комплексен разговор за било каква тема и сценарио кое ќе го подготвите со потенцијален клиент.

Независно од тоа дали ги сакате или не, тие ќе бидат присутни се повеќе и повеќе во иднина, најмногу поради напредокот во технологијата што ги прави се попаметни и покорисни.

Навистина е возбудливо да видиме што ќе придонесе технологијата во ова поле и колку тоа ќе влијае на маркетингот како што го знаеме денес.

Каде најмногу се користат Chat bots?

Многу индустрии користат чет ботови за да го подобрат искуството на клиентите, да им овозможат побрзи одговори или да им презентираaт нови производи и услуги на поразличен и иновативен начин.

Според Facebook, има над 300.000 активни Messenger чат ботови во моментот. Преку нив можете да нарачате храна, да закажете лет, да купите производи, да одговарате на забавни квизови за кои ќе бидете оценувани и уште многу други работи кои секојдневно се додаваат како примени во оваа апликација.

На пример, познатиот бренд Sephora користи чат бот за интеракција со своите клиенти на тој начин што на брз и лесен начин можат да добијат “review” на некој производ додека купуваат во нивните продавници. Исто така, преку нивниот чат бот може да добиете голем број на туторијали за шминка и фризура кои може да ги направите со нивните производи.

Друг познат бренд кој користи чат бот на интересен начин е MasterCard. Нивниот чат бот им помага на корисниците на MasterCard да ги проверат своите трансакции. Ако го прашате нивниот чат бот колку пари сте потрошиле на облека во Мај 2019 година, одговорот ќе го имате за неверојатно кратко време.

Се повеќе и повеќе познати брендови ја забележуваат можноста за интеракција и промоција која ја имаат со еден чат бот и сите сакаат да се приклучат на ова иновативно решение за грижа на клиентите.

Најголема примена засега чат ботовите имаат како поддршка на клиенти за најразлични бизниси. Вашите вработени не можат да бидат 24/7 на Messenger и да одговараат на прашања, затоа тука е Вашиот чат бот да ви помогне и да ја превземе целосно интеракцијата додека Вие се фокусирате на поважни работи во Вашиот бизнис.

Голем број E-commerce компании користат чат бот како додатен канал за комуникација со клиенти. Ботот е дизајниран преку линеарен процес или „conversation flow“ кое Вие сами го градите во онлајн платформа како што е ManyChat или со код (доколку имате програмерско искуство) за тој да извршува продажба, да се грижи за корисниците по нарачката, да им нуди „real-time“ следење на нарачката и многу друго!

Зошто и Вам ви е потребен чат бот?

Во кратки црти, еден чат бот може ви помогне да стигнете многу полесно до потенцијални клиенти.

Колку и да не верувате, статистиките покажуваат дека има над 1.3 милијарда активни корисници на Facebook Messenger.

 Не велиме дека Вашиот целосен Маркетинг план и стратегија треба да бидат насочени кон нив, но дефинитивно треба да го додадете во миксот на канали преку кои ги нудите вашите услуги и комуницирате со клиентите.

Според Forbes, 80% од маркетерите планираат да започнат да користат чат ботови на еден или друг начин во својата маркетинг стратегија оваа година. Ако ова не е доволна причина да им дадете шанса и да инвестирате во подобрувањето на искуството на Вашите клиенти, тогаш дозволете ни да Ви презентираме уште неколку начини како еден чат бот може да му помогне на Вашиот бизнис:

  • Ќе бидете достапни на вашите клиенти 24/7: На овој начин ќе се осигурите дека вашите клиенти нема да го променат своето мислење и нема да контактираат друг бренд додека вие да одговорите или да воспоставите било каква интеракција со нив што ќе им го задржи вниманието.
  • Вашите клиенти ќе добијат одговор веднаш: Тие се одличен начин да се осигурите дека вашите клиенти ќе добијат одговор веднаш независно во кое време ќе ве контактираат.
  • Подобра и позабавна интеракција: Ботовите се програмирани да ги забавуваат вашите клиенти, да го подобрат искуството на вашите клиенти со вашиот бренд и да им нудат персонализирани предлози базирани на нивните интереси.
  • Ќе ги намалат трошоците: Она што можат да го направат ботовите не можат да го направат ни полна канцеларија на луѓе ако работат во три различни смени. На овој начин ќе ги намалите трошоците за плати, обуки и инфраструктура.
  • Ќе го зголемите бројот на нови клиенти и ќе ги задржите старите: Со самото тоа што сте достапни за секаков вид на интеракција 24/7 со вашите потенцијални клиенти ќе забележите значително зголемување на нови купувачи и корисници на вашите услуги. 

Иновативни Chatbots кои веќе постојат

Не постојат граници за тоа колку можете да бидете иновативни и креативни со вашиот чат бот. Еве неколку примени кои се доста иновативни и многу поразлични од другите, па вреди да ги издвоиме:

  • Casper 

Ако страдате од инсомниа, тогаш веќе го знаете она задушувачко чувство на самотија. Со самиот факт дека цел свет спие, додека Вие будно зјапате во таванот на Вашата соба се полните со огромна напнатост која постепено Ви го уништува здравјето.

Со ботот на Casper – компанија за продукти кои помагаат да заспиете, можете да имате партнер за разговор додека цел свет спие.

Ботот е навистина разговорлив помеѓу 11 часот ноќта до 5 часот наутро, се што треба да направите е да му го пишете клучниот збор: You up?  И тој веднаш ќе ви се приклучи на разговорот. Навистина штета што не е достапен во Messenger, туку преку SMS. Еве го линкот: Casper.

  • Domino’s Pizza

Dominos уште од самиот почетокот на компанијата го револуционизираа искуството со потрошувачи. Преку својот чат бот, тие ги водат своите потрошувачи низ комплетниот процес на нарачка, и им нудат најразлични варијатни на пици. Исто така, ги памети нивните вообичаени нарачки за да не мора одново да ги кустомизираат своите омилени пици и нарачки. Овој начин на работа им заштедува огромно време и им го намалува трошокот за вработени за голем процент.

  • The Wall Street Journal

Пред одредено време весниците разбраа дека мора да најдат нов начин како да ги понудат вестите на денот на своите читатели. Кога луѓето престанаа да купуваат весници, тие се префрлија онлајн. Сега кога луѓето го поминуваат слободното време на социјалните мрежи, тие одново најдоа начин како да им го привлечат вниманието.

 

Ботот на The Wall Street Journal е одличен пример за тоа. Кога ќе влезете во нивниот Инбокс, тие веднаш Ви понудуваат да се претплатите на нивните дневни вести. Откако ќе го направите тоа, тие Ви понудуваат категории кои би Ви биле најзабавни и потоа секојдневно Ви ги праќаат вестите за кои сте заинтересирани.

Постојат голем број на примени на ботови кои се толку многу што навистина не можеме да ги сместиме во еден мал блог пост. Затоа, ако и Вие сакате да дознаете што може еден чат бот да направи за Вашиот бизнис, дозволете тимот од Roccad, кој е задолжен за сите наши чат ботови, да Ви изгради еден едноставен чат бот за Вашиот бизнис – БЕСПЛАТНО!

Процедурата би била едноставна: ја пополнувате формата подолу, Ви испраќаме меил веднаш со информациите и ресурсите кои нѝ се потребни од Вас за да го изградиме Вашиот четбот, го изработуваме и сетираме на Вашата Business Facebook страна и Вие имате бесплатен чат бот!

Звучи примамливо? Супер! Еве ја формата:

Пополни ги информациите и нашиот тим ќе те контактира за следните чекори