Во просториите на SourceMX Academy

Датум: 25.09 – Среда

Време: 17:00 часот

 

SourceMX Academy организира “rooftop networking” забава на која се поканети сите оние кои сакаат да започнат ИТ кариера, исто како и оние кои се веќе во таа кариера. Забавата, се разбира, е од неформален карактер и главната цел е да ви дозволиме да нè запознаете од близу, да нè прашате што сакате, а и да разменете мислења, искуства и практики со други лица со иста или слична професија.

На овој настан, ќе споделиме една ОГРОМНА новост со сите присутни во врска со идни курсеви и ќе имате ексклузивна можност да се пријавите прво за она што следува. 😏 Ова не е “lead magnet” како што можеби ќе си помислите, бидејќи немаме трпение да ги споделиме овие вести со вас! Доказот ќе го имаме на 26-ти, четврток.

Овој бесплатен настан ќе се случи на 25-ти септември, среда, со почеток во 17:00. Каснење не прифаќаме, само подранување, бидејќи DJ Chaky, диригентот на забавата, како и нашиот инструктор за Freelancing, ја вади плочата пред 18:30.

Пријавувањето не е задолжително, но е препорачливо.