Во просториите на SourceMX Academy

Датум: 15.02 – Сабота

Време: 11:00 до 13:00

 

Игра, борба, освојување, опстанување, и пак игра, пак борба, пак освојување и пак опстанување. Дали „фриленсерството“ е навистина толку напорно како што насловот на овој настан можеби сугерира? Не баш, доколку го знаеш вистинскиот пристап и начин, и го имаш победничкиот mindset… барем така вели Кристијан Арапов, нашиот фриленс инструктор.

Но, најпрво…

Што е фриленсер?

  • Фриленсер е термин кој во модерниот свет се користи за опишување на луѓе што не припаѓаат на било каква организација или фирма, туку работат под свои правила и термини. Фриленсерите ја имаат слободата да работат од било каде во светот. Сè што е потребно е вашиот лаптоп и интернет пристап.

Говорникот Кристијан Арапов кој активно ги користи дигиталните платформи за продавање услуги, ќе ви ги открие тајните и краткиот пат до постигнување на дополнителна заработка или пак, full-time работа.

Каде да најдам работа како фриленсер?

Едно од најпоставуваните прашања кога почнувате како фриленсер е:

– Каде да најдам работа?

Кристијан со задоволство ќе ги сподели водечките платформи за наоѓање на вашата прва интернет работа.

Како изгледа понуда за работа и кои се клучните работи да ја освоите:

  • Кога аплицирате за работа, најдобро е да креирате посебни и уникатни апликации за секоја работна позиција. Затоа, придружете се на овој бесплатен настан и научете како може да ја освоите вашата работа од соништата. 

Местата за настанот се веќе пополнети. Со задоволство ве очекуваме на некои наш нареден настан.