Говорник:
-
- Сашко Николовски
- Ване Костуранов
- Aron Visuals
Во просториите на SourceMX Academy
Датум: 24.03 – Вторник
Време: 18:00
2020 е идеална година за започнување кариера како графички дизајнер поради зголемената побарувачка, а од друга страна пак конкуренцијата е поголема од било кога и цените за графички дизајн се во постојан пад. Ване и Сашко ќе споделат up-to-date тајни, трикови, искуства и добри/лоши практики во врска со нивните кариери како графички дизајнери со сите љубители на добар дизајн.
Сигурно се прашувате…
Што ќе се случува на овој настан?
На овој настан ќе си позборуваме со Ване и Сашко во опуштена „неформална“ средина во просториите на SourceMX Academy за сè поврзано со графички дизајн. Искуства со клиенти, добри и лоши страни од оваа професија, ќе споделуваме совети, исто и добри и лоши практики, а улогата на предводници на дискусиите ќе ја имаат Ване Костуранов и Сашко Николовски како најискусни и најистакнати графички дизајнери во нашиот регион. Ване Костуранов е еден од најпознатите сликари во државата, а неговите ремек дела се присутни и на екраните и на платна. Сашко Николовски, пак, е нашиот go-to графички дизајнер и инструктор за курсовите за дизајнирање во SourceMX Academy.
СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН: Познат под називот Aron Visuals од Србија, инаку експерт во манипулација со фотографии во Photoshop, ќе биде дел од предводниците на дизајн дискустиите, а воедно ќе има шанса да го најави и својот курс за Photoshop кој за прв пат ќе го одржи под SourceMX Academy.
Зошто да присуствуваш?
- Затоа што сакаш дизајн
- Размислуваш да започнеш кариера како дизајнер
- Сакаш да научиш нешто повеќе од експерти во областа графички дизајн
- Сакаш да размениш искуства со други дизајнери
- Сакаш да го прошириш кругот на познавања на истомисленици.
Повелете пријавете се со оставање на Вашата и-меил адреса подолу.
Важно: Следејќи ги препораките од страна на Владата на Република Северна Македонија, настанот е откажан и за истиот нема предвидено следен датум. Доколку сте заинтересирани за настанот, може да ги пополните информациите и нашиот тим ќе ве контактира со новости.