meetup-javascript-frameworks-and-libraries

Говорници:

  • Ванчо Стојков
  • Александар Туфекчиев
  • Александар Токарев

Во просториите на SourceMX Academy

Датум: 16.06 – Недела

Време: 12:00 до 14:00

 

JavaScript e најбрзо-растечкиот јазик во светот на програмирањето и покрај сите критики со кои се соочуваше во минатото. Според некои статистики за 2018, JavaScript е еден од топ три јазици кои се бараат во CV-то на еден потенцијален програмер. Со оглед на тоа што е невозможно JavaScript да биде исфрлен надвор од употреба во блиска иднина, овој програмски јазик останува еден од најдобрите избори за изработка на интерактивна веб страна која ќе биде прочитана од сите главни пребарувачи.

Во текот на годините, JavaScript премина од алатка која овозможува мала интерактивност на една веб страна во алатка за ефикасен развој на веб страни со најразлични интерактивности и функционалности. Со помош на најразличните “frameworks”, JavaScript може да се користи за изработка на било каков проект, а ја има и потребната функционалност за градење на високо-скалабилни веб апликации.

Но, она што е најчесто дискутирано по форуми и Facebook групи во врска со JavaScript е која JavaScript framework да се користи. React, Angular или Vue.js? Иако React ги освои срцата на огромен број програмери во светот, Ванчо Стојков, еден од трите говорници на овој настан, ќе ги спореди сите предности и можности на овие две frameworks, React и Angular. Александар Туфекчиев, пак, ќе нè воведе во релативно новата framework на JavaScript, Vue.js, и ќе ни ги претстави сите предности над останатите frameworks. Третиот соговорник, Александар Токарев, ќе зборува за алатката Virtual DOM која е сè повеќе застапена во програмирањето.

На овој бесплатен настан ги покануваме сите надежни и искусни, почетници и напредни, front-end и back-end програмери да присуствуваат на овој настан за да слушнат повеќе за најновите Java Script Frameworks и Libraries, како и да ги споделат своите искуства со луѓе кои целосно ќе ги разберат, а можеби и помогнат во иднина.

Важно: Заради ограничениот капацитет на просториите во SourceMX Academy, потребно е да се пријавите со вашите податоци во формата подолу.