meetup-karierno-nasocuvanje-kako-do-rabota-na-internet

Говорник: Борис Едровски

Борис е графички дизајнер со повеќегодишно искуство во соработка со домашни и странски клиенти. Користејќи ги своите претприемачки вештини, Борис ја основа дизајн агенцијата “INNO” преку која се воспостави како млад креативец, работејќи со светски познати личности и брендови.

Во просториите на SourceMX Academy

Датум: 02.03 – Сабота

Време: 12.00 до 14.00

Благодарение на се поголемиот пазар за работа на интернет, можностите за сите професионалци кои сакат да работат на интернет се зголемуваат од ден за ден.

Но, од каде да се започне? На што треба да се внимава и како да аплицирате?

Говорникот Борис Едровски ќе го објасни целиот процес и ќе сподели клучни совети кои ќе ги зголемат вашите шанси за работа на интернет.

На овој настан ќе имате шанса да запознаете професионалци кои успеале да се пробијат на интернет пазарот на труд. Дополнително, ќе воспоставите контакти кои може да ви помогнат во идната кариера.

Важно: Заради ограничениот капацитет на просториите во SourceMX Academy, потребно е да се пријавите со вашите податоци во формата подолу.