fbpx

Денес сакам да го запознаете Горан Николов, дигитален маркетер и инструктор во SourceMX Academy, со повеќе од 5 години искуство во дигиталниот свет. Прочитајте што имаше тој да нѝ каже.

Здраво Горан! Наскоро ќе го одржиш курсот за Facebook & Instagram Ads. Од каде желба да го одржиш токму овој курс?

Желбата за овој курс доаѓа од мојата голема страст кон дигиталниот маркетинг. Веќе скоро 3 години се занимавам исклучиво со рекламирање на Facebook и Instagram и иако на многу луѓе тоа им се чини како наједноставното нешто на светот. Исто како и со секоја друга професија, рекламирањето на Facebook има свои принципи, методи и стратегии кои одлучуваат дали вашите бизниси ќе се издвојат или ќе изгледаат исто како сите други. Исто така, би сакал да им помогнам на сите оние кои не се во можност да издвојат буџет за маркетинг услуги да научат како тоа можат сами да го прават без дополнителни трошоци.

Во последните 7 години, на еден или друг начин, си дел од дигиталниот маркетинг. Од content writer до маркетер на социјалните медиуми, еволуцијата на твојата кариера е мошне интересна. Раскажи нѝ повеќе.

Мојата приказна со „работа на интернет“ започна кога сите мои врсници се запишуваа на факултет, а јас во тоа време ги немав можностите да се запишам и размислував за започнување на кариера. Во тој период, случајно добив шанса да работам со SEO специјалист како content writer. Работев скоро 1 година како фриленс content writer, пред да започнам една кратка приказна во SEO агенција која траеше 2 години, па потоа се вратив на фриленсерскиот животен стил.

Пишувањето статии ми претставуваше се помал и помал предизвик. Знаев дека ми треба промена, но не знаев каква. Завршив серија курсеви за графички дизајн и во периодов изработував доста графички дизајни за пријатели и роднини, сè додека не се заинтересирав за дигитален маркетинг. Скоро станав зависен од секојдневно читање и учење за социјални медиуми, реклами на социјални медиуми и полека искуството како content writer го применив за copywriting и вештините за графички дизајн за изработување слики за реклами.

Интересно беше што во овој период токму Глигор Ризов, основачот на SourceMX Academy, со кој порано имавме соработувано на фриленсерска база, ми понуди part-time позиција за маркетинг на социјалните медиуми за 1 клиент. Од тогаш па натаму, имам водено Facebook кампањи за повеќе од 40 клиенти од различни држави во светот, со Roccad и индивидуално.

Според твоето мислење или податоци што ги имаш, која социјална мрежа како медиум е онаа со поголем engagement?

Engagement има таму каде што се вашите потрошувачи, затоа пред да се лансира една кампања, мора да се спроведе истражување и да се утврди кои се вашите потенцијални клиенти и на која социјална мрежа минуваат најмногу време. Инаку, engagement како мерка во последно време не е многу од корист, бидејќи луѓето се навикнаа да „игнорираат“, па на некоја реклама можеби имате само 10 лајкови, а сте направиле 100 продажби. Иако многу луѓе веруваат дека social proof е најважен критериум за успешноста на една реклама, мое мислење е дека најважен критериум за една реклама е исполнувањето на целта што сте ја поставиле при почетокот на креирањето на рекламата, без разлика дали тоа е правење нарачки, носење посети на веб страната, пораки во инбокс или друго, на што треба да ви биде и самиот фокус.

Дали мислиш дека е-трговијата може да ги користи социјалните медиуми со цел да ја зголеми продажбата или само како комуникациски канал со нивните постоечки и потенцијални клиенти?

Ако земеме за пример дека во последно време на Facebook се појавија неограничен број онлајн продавници во Македонија кои лансираат кампањи со дестинација Messenger, веднаш може да заклучиме дека тоа го прават бидејќи им носи продажби.

Од мое лично искуство, кампања која води во Messenger каде што има автоматски поставен разговор (чат бот) и бара само малку внимание од човечка интеракција за комплетирање на нарачката, во нашата земја функционира многу ефикасно, додека пак во другите земји, каде што може директно да се плаќа во Messenger, целиот процес се случува автоматски директно во Messenger и функционира уште подобро. Всушност, тоа е еден од најпопуларните канали за зголемување на продажбата во последните 2 години.

Горан, им помагаш на компаниите да генерираат поголем профит благодарение на дигиталниот маркетинг. Може ли да им кажеш на нашите читатели некои од твоите тактики? Дали постои формула за тоа?

Постои само една формула и тоа е: НЕ ПРЕСТАНУВАЈТЕ ДА ТЕСТИРАТЕ. Не постои еден рецепт кој важи за секој бизнис. Да, постојат чекори кои треба да се следат за да се постават успешни кампањи за секоја една платформа, но тајната во водење успешен маркетинг во долг план е секогаш да се тестира, дури и кога ја имате најпрофитабилната кампања. Порано или покасно, ќе се истроши нејзиниот потенцијал, поточно ќе ја постигне познатата состојба „ad fatigue“. На претстојниот курс за Facebook и Instagram реклами, ќе зборуваме за оваа состојба на рекламите во повеќе детали и како да ја надминуваме.

Секојдневно сме преплавени од реклами на сите социјални мрежи и, логично, тоа значи дека секоја една реклама има голема конкуренција. Што би препорачал ти на сите оние кои лансираат реклами за да ја подобрат својата ефикасност?

При лансирање на една реклама, најважно е да знаете на кого треба да ги понудите вашите услуги или производи, односно да ја лансирате рекламата пред вистинската публика и да им понудите вредност, односно решение на некој нивни проблем. Сè се сведува на тоа како и дали вашата реклама ќе им помогне на вашите потенцијални потрошувачи или ќе им реши некој проблем. Други елементи што може да помогнат на една реклама да се издвои се, се разбира, квалитетна слика/видео која одговара на самата понуда или реклама, добро напишан текст за рекламата (ad copy), како и сите други елемент во рекламата: наслов (headline), опис (description) и копче со Call-to-Action.

Тоа е сè што нашиот инструктор нѝ сподели, но Горан ќе ви стои на располагање во текот на предавањата на курсот за Facebook & Instagram Ads, на кој што ќе научите сè што некогаш сте сакале да знаете за рекламирање на овие две социјални мрежи!

Пополни ги информациите и нашиот тим ќе те контактира за следните чекори