fbpx

Можеби е време да кажеме дека полека преминуваме на еден сосема нов веб. Што во суштина значи тоа?

Тоа значи дека се откажавме од приватниот сервер и технологија како WordPress заедно со базата на податоци MySQL и преминуваме на технологии како што се:

Во овој блог пост ќе зборуваме за Netlify. Netlify е технолошка компанија со седиште во Сан Франциско, и со сè повеќе глобални достигнувања, тие обезбедуваат инфраструктура и автоматизација на веб-хостинг на многу повисоко и едноставно ниво.

Во основата, Netlify нуди прифатлива (многу често и бесплатна) инфраструктура за хостирање на веб-страниците. Тоа драстично го поедноставува процесот на распоредување и хостирање на веб-страница и ги прави сите работи за кои веројатно не сакате да потрошите премногу размислување или напор. Работи како:

  • TLS
  • конфигурација на CDN-јазолот управување со кешот
  • балансирање на оптоварување

Платформата се потпира на JAMstack, кој ги интегрира JavaScript, API и Markup и прави импресивна инфраструктура погодна за деловни активности за развивачи кои бараат комерцијално решение.

Карактеристики:

  • Складирање и ширина на опсег: 100 GB складирање и 100 GB ширина на опсег месечно 
  • Домени: Прилагодено име на домен или поддомен на netlify.com
  • Клучни карактеристики: Глобално распоредување на CDN, HTML форми и инстант меморија на кешот

Функции на Netlify

Ќе разгледаме неколку начини како да хостираме статички веб-сајт на Netlify. Постојат 4 методи како може да го изведете тоа.

Netlify Drop

Може да креирате нов веб страница едноставно со влечење на вашата папка со код, користејки Netlify Drop. Важно е пред тоа да креирате профил на Netlify. Откако ќе креирате профил пристапете ја веб страницата на апликацијата и креирањето може да започне. Погледни го видеото за целиот процес чекор по чекор. 👇

Git & Netlify

Netlify ви дозволува да ги поврзете вашите репозиторија од GitHub, GitLab или Bitbucket на страница за постојано хостирање. Секогаш кога ќе направите промена на Git, Netlify работи со вашата алатка по избор и го распоредува резултатот до нивниот моќен CDN. Чекор по чекор ќе објасниме како да го направите тоа поврзување. Најпрво пристапете на веб страницата https://app.netlify.com. Откако ќе пристапите од менито изберете Sites и десно кликнете на New site from Git. 

New site from Git

 

Тоа ќе го генерира следниов прозорец. Од понудените ќе одбереме GitHub:

 

Create a new site

Во следниот чекор дозволете поврзување на Netlify и GitHub. Со клик на Authorize Application ќе дозволите поврзување и синхронизација на двете апликации. 

Следно одберете репозитори што сакате да го хостирате.

Github app

Извршете конфигурација на сетинзите:

Откако ќе ги подесете сетинзите кликнете на Deploy site. 

Site deploy in progress

Процесот на креирање трае само една минута и штом линкот се обои во зелено вашиот сај е веќе подготвен за да му пристапите. Следно што треба да направите е да преминете кон промена на името на вашиот сајт General > Change site name бидејќи Netlify автоматски ги доделува имињата.

Netlify button 

deploy to netlify button

 

 

Хост со клик на само едно копче. Тоа им обезбедува на веб-развивачите на едноставен начин со еден клик да ги хостираат своите апликации на Netlify. Тој е дизајниран да се користи во датотеки README, страници за документирање, и веројатно сè што претставува HTML датотека. Погледнете пример како изгледа тоа и како да го додадете: 

  • SVG URL за копчето може да ја преземете од:  https://www.netlify.com/img/deploy/button.svg
  • Користете го следниот линк за URL на кочето: https://app.netlify.com/start/deploy

 

Netlify CLI

CLI или command line interface ви овозможува креирање на веб сајтот директно од командната линија т.е терминалот. Потребно е само да инсталирате Netlify CLI, но пред да го направите тоа проверете дали ја имате верзијата 8 на Node.js или повисока, потоа извршете ја инсталацијата со сет од инструкции во терминалот кој може да ги пронајдете овде.

Премин од WordPress во архитектурата на JAMstack 

На прв поглед, изгледа дека Netlify е статично решение за веб хостинг. Да, е, но оди многу подалеку. Неодамнешната работа за ре-платформа на Smashing Magazine на JAMstack, домаќин на Netlify, го покажува неверојатниот потенцијал на оваа платформа и нејзините можности. Smashing Magazine премина од WordPress во архитектурата на JAMstack. Витали Фридман (Co-founder & Editor-In-Chief for Smashing Magazine) вели: „Го имаме она што секогаш го сакавме во однос на флексибилноста, брзината, перформансите, и архитектурата.“ Погледнете го видеото за нивниот голем подвиг.

Netlify користат над 1,000,000 програмери и бизниси

Неодамна Netlify прослави дека над 1,000,000 програмери и бизниси се придружиле на Netlify за да водат веб-проекти на глобално ниво – без сервери, снабдувачи или скапа инфраструктура. Тоа го прославија на доста интересен начин креирајќи временска рамка од нивните почетоци во 2015 па до денес, а сето тоа прикажано на еден интересeн начин и доста интерактивно.

Netlify animation

Доколку ве интересира како е изградена оваа веб страна, процесот на градење и кодот погледнете го овде

 

Во овој блог пост објаснивме за основните функциите на Netlify за кои можеби не сте знаеле. Сите овие се достапни без оглед на кој степен на плаќање сте. Да, дури и на ниво за почетници.

Едноставно кажано, Netlify го олеснува развивањето и хостирањето на вашата веб-страница на одговорен начин. Начин кој е безбеден, скалабилен и всушност доста забавен.