Курс за Adobe After Effects

15% ПОПУСТ НА КУРСОТ ДО 27-МИ АПРИЛ
Оставете нѝ податоци за контакт и некој од нашиот тим ќе Ве контактира со повеќе информации околу курсот.

Што е Adobe After Effects

Најважниот софтвер кој се користи за изработка на специјални ефекти е Adobe After Effects. Специјалните ефекти денес се неизоставен дел од телевизиската и филмската индустрија, како и од секоја форма на современиот маркетинг. Со помош на After Effects се изработуваат анимирани филмови и инсерти, ТВ реклами, музички спотови, филмски сцени и најразлични видеа од секаков тип.
 
Корпорацијата Adobe е светски лидер во областа на видео-продукцијата, бидејќи нивните софтвери за видео-обработка масовно се користат од луѓето кои се занимаваат со оваа професија. Предноста на софтверите на Adobe е тоа што се лесни за користење и корисницте за брзо време можат да добијат одлични резултати и квалитетни видео материјали.

Опис на курсот:

Курсот за Adobe After Effects содржи теми од внесување на материјалот во компјутер, основна обработка на видеото, па се до креирање најразлични анимации и ефекти, корекција на слики и правење комплексни композиции. Преку повеќе примери ќе бидат прикажани основни, но и сложени изработки и постапки во пост-продукција.
 
Целта на овој курс е учесниците во потполност да се оспособат самостојно да работат со овој софтвер. Тоа значи дека по завршувањето, ќе можат на внесените видео-материјали да применат визуелни ефекти и на професионален начин да направат нивна обработка.
 
На курсот може да се пријави секој кој сака аматерски или професионално да се занимава со Motion Graphics.

Што ќе научите?

да го користите софтверот Adobe After Effects и неговите алатки

да изработувате најразлични визуелни ефекти врз видео материјали

да правите корекција на слики и комплексни композиции

да изведете сè што може да биде претставено како Motion Graphic

За кого е наменет овој курс?

почетници кои имаат познавање на работа со Premiere Pro и сакаат да навлезат во светот на дизајнот и визуелни ефекти, за да се запознаат со техниката за изработка на анимации

сите кои се занимаваат со видео-продукција и би сакале да го надоградат своето знаење

маркетинг менаџери кои сакаат да ја превземат продукцијата на содржини за своите рекламни кампањи

секој кој сака да изгради кариера како видео-едитор во TВ и филмската индустрија

Важни информации за курсот

Цена

10.900 ден

9.260 ден  (15% попуст до 27-ми април)

(Можност за плаќање на рати)

Времетраење

12 дена

Почеток

6-ти Maj

Часеви

Понеделник и четврток

Што ти е потребно

Кликнете на едно од копчињата за да ги видите минималните и оптималните барања за Вашиот уред.

8 СЛОБОДНИ МЕСТА!

Денови
Часеви
Минути
Секунди
Курост започна

ПРОГРАМА

ЗАПОЗАЈ ГО ИНСТРУКТОРОТ

Со повеќе од 10 години искуство во дигиталниот маркетинг како тим лидер, визуелен артист (графички дизајн, движечка графика, UI/UX дизајн, видео едитор, VFX, SFX, 2D и 3D) и огромна пасија кон споделување на стекнатите вештини и знаења, Владимир Андреевски несебично ќе сподели сè со вас на курсот за Видео Обработка во Premiere Pro. Проектите на кои Владимир е особено горд се за познати наши и светски компании, како што се Ford, Opel, Тутунска Банка, Grow Landscapes, Brainy Crafts, Raiffeisen bank, Marriott Hotels, Skechers, Forza и Nespresso. Други карактеристики со кои нашиот инструктор за видео обработка со Premiere Pro се одликува се одлично разбирање со учесниците, високо ниво на организираност, професионалност и способност да го прилагоди секој час според реалните потреби на учесниците.

u

Владимир Андреевски

Graphics Designer,UI/UX, Motion Graphics, Video Editor, VFX, 2D and 3D artist