Курс - Основи на сметководство

ПРИЈАВИ СЕ ЗА НАРЕДЕН ТЕРМИН И ДОБИЈ ПОПУСТ

Пополни ги информациите и нашиот тим ќе те контактира за следните чекори.

[ONLINE] Основи на сметководство

Зошто курс за сметководство

Сметководството се однесува на управување со нечија финансиска евиденција, како и осигурување дека сите финансиски записи и извештаи се во согласност со законите, прописите и општо прифатените сметководствени принципи. За да може да работите како сметководител или ревизор, потребно е да ги имате стекнато сметководствените вештини и знаења. Затоа, основната цел на овој курс е учесниците да се стекнат со суштинско разбирање на сметководството.
 
Без разлика дали сакате да градите кариера како сметководител или имате сопствен бизнис и сакате сами да си ја водите финансиската евиденција, овој курс ќе Ве оспособи за тоа! Програмата е наменета за луѓе без претходно познавање од оваа област, односно се почнува од изучување на основните принципи и правила на сметководството.

За кој е наменет овој курс

За секој кој сака да работи во сметководство или финансии

Менаџери и сопственици на бизниси кои сакаат сами да ја водат финансиската евиденција во нивните фирми

Студенти од економски факултет со цел полесно да го совладаат материјалот од испитите по сметководство

Сите што сакаат теоретски и практично да научат сметководство

invoice

Што ќе научите

Oсновните сметководствени правила и принципи

Да работите, книжите и да ја разбирате сметководствената документација

Да ја согледате поврзаноста меѓу финансиските извештаи и книговодството

Да вршите книговодствена евиденција на деловните трансакции: набавки, плати, продажби, капитал, амортизација

Дена пред почеток
12
Капацитет на курсот
4
Слободни места

Важни информации за курсот

7000 ден
  • Времетраење: 3 недели
  • Почеток: Септември
  • Понеделник,среда и петок од 19.00 часот
Можност за плаќање
на две рати

Запознај Го Инструкторот: Иван Стојанов

Иван Стојанов е овластен сметководител кој работи во сметководствениот сектор повеќе од 12 години. Во своето досегашно работно искуство работел на проекти на имплементацијата на Меѓународните Сметководствени Стандарди –МСС и Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување – МСФИ како и како консултант во сферата на имплементацијата на даночната регулатива, сметководството и финансиите. Неговото искуство во областа го гради поминувајќи ги сите фази на сметководствената професија од водење на компании од услужната, трговската и производствената дејност. Автор е на повеќе текстови од областа на сметководството и даноците. Неговата експертиза е проширена и во насока на изработка на бизнис планови, буџетирање и финансиска анализа.