Почетнички курс за дизајнирање во Adobe Illustrator

Што можам да научам?

Adobe Illustrator е професионална програма за дизајнирање и цртање заснована на вектори. Illustrator овозможува создавање од единечни елементи на дизајнот до цели композиции.
Користејќи го овој програм, може да се креираат, цртаат и обработуваат логоа, симболи, амблеми и останати графики за онлајн, мултимедија или печатен материјал.
 
Во овој курс, чекор по чекор, ќе се запознаете со основните алатки што ви се потребни за да создадете најразлични графички дизајни. Курсот е со основно ниво, односно е наменет за сите кои сакаат да се занимаваат со дизајн, а немаат претходно искуство со Illustrator или други програми од оваа област.

На овој курс за основите на Adobe Illustrator, инструкторот Сашко Николовски ќе ве води низ алатките и техниките кои се достапни во овој векторско-графички софтвер од Adobe. Овој софтвер е број еден избор на милиони професионални графички дизајнери во целиот свет, па затоа и тврдиме дека овој курс е идеален почеток на вашите трудови во графички дизајн: од ваши идеи во крајни производи. Курсот е креиран и разложен на делови кои лесно се разбираат и е наменет за тотални почетници во Adobe Illustrator.

На почетокот од курсот ќе се запознаеме со основниот интерфејс на Illustrator и ќе направиме јасна разлика помеѓу векторска и растерска графика. Понатаму ќе преминеме на изучување на алатките, селекции, управување со боја, градиенти, форми, работа со ефекти, маски, слики и многу друго.

По завршувањето на овој курс ќе поседувате вештини за да креирате високо квалитетни векторски графики и да бидете спремни за работа на вистински дизајнерски проекти.

12
КАПАЦИТЕТ НА КУРСОТ
5
СЛОБОДНИ МЕСТА

Запознај го Инструкторот

Сашко
Николовски

Професионалниот илустратoр и графички дизајнер, Сашко Николовски, ќе ги сподели со тебе сите тајни и трикови за овој софтвер за да можеш да започнеш да работиш индивидуално. Без разлика дали сакаш да дизајнираш за принт или веб, овој курс ќе ти помогне да дознаеш напредни функции во Illustrator и со тоа ќе ги подобри твоите дизајни.

Портфолио на Инструкторот

Информации за курсот
30002400 ден
  • Времетраење: 4 Дена 

  • Почеток: 13-ти април

  • Вторник и Четврток 

Програма

4 дена
Времетраење

13-ти април
Почеток

ДЕН 1

How it works?
Интерфејс
Селекции
Pen Tool

ДЕН 2

Креирање објекти
Векторска Илустрација
Креирање на минималистичка илустрација

ДЕН 3

Текст
Ефекти
Градиенти
Изработка на лого и визитка

ДЕН 4

Изработка на комплетен дизајн

Проекти на нашите учесници

Previous
Next
Успешно организирани курсеви
Учесници
Завршени проекти