fbpx

Е-комерција или електронска комерција наједноставно кажано претставува купување или продавање на производи преку интернет. Е-комерцијата не е нешто ново. Постои уште многу одамна. Уште кога во 1994 година еден американец ја направил првата продажба на CD од Sting на неговиот пријател преку интернет. 

Од тогаш па сè до денес, таа расте и стигна до тој степен да стане голем дел од нашето секојдневие, особено во времиња како што беше периодов со корона вирусот.

Колку од вас склучивте продажба преку интернет во овој период? Многумина, можам да претпоставам. Најмногу заради фактот дека не бевме во можност да излегуваме, а постојано ни излегуваа некои страници по социјалните мрежи кои нудеа најразлични производи, од облека па сè до базени.

Е-комерцијата како таква област која постои веќе 26 години, успеа да се издигне на едно високо ниво, а со тоа и да ги развие своите предности и недостатоци.

Главни Предности

Комоција при нарачување

Како главна предност, со која веќе сме се соочиле и самите е фактот дека единствена релација која ја правиме е од креветот до паричникот. Можеме во пижами и да купуваме, дури и продаваме преку интернет. Со што е-комерцијата претставува поволност и на купувачот и на продавачот.

Не само што можеме да пазариме во пижами, туку тоа можеме да го правиме и во било кое време. Физичките продавници имаат работно време, најчесто од 8:00 до 20:00 часот, со што не ограничуваат, додека пак онлајн продавиниците се достапни 24 часа во денот, 7 дена во неделата.

Доколку пак ние имаме производи или услуги за продавање, нашата веб продавница ќе биде отворена и достапна 24 часа, а со тоа секоја минута ќе можеме да се здобиеме со потенцијален клиент кој може да направи нарачка во било кое време.

Подобри услови за големи количини купување

Еден просечен купувач, при влегување во продавница го купува онаа кое што може да го носи, а додека пак ако купува онлајн купува повеќе и во поголеми количини, не само заради попустите кои ги добива, туку и поради доставата.

Поголем избор

Друга предност што се добива со е-комерцијата е и имањето на поголем избор. Купувачите можат да избираат и купуваат производи што не се во моментот достапни, што им овозможува на продавачите да ги организираат своите нарачки поефикасно во иднината.

Голем дел од нас купуваме производи од веб продавници кои не се лоцирани во Македонија, на пример, Ebay, AliExpress, Amazon,  со што како купувачи имаме шанса да купуваме од цел свет и по најразлични цени. А како продавачи пак ни се нуди можноста да го прошириме нашиот бизнис на интернационално ниво и да станеме светски познат бренд.

Главни Недостатоци

Немање можност да се проба

Една од најголемите недостатоци на е-комерцијата, која веќе сигурно сте ја забележале и е главна причина зошто не купувате онлајн, е фактот дека работите не можат да се пробат, без разлика за што се работи дали за облека или пак електроника.

Страв од измама

Друга слаба страна со која се соочуваат корисниците на онлајн продавница е тоа што може да се жртви на измама. Купувачите можат да бидат измамени и нивните податоци да бидат злоуботребени. А продавачите пак да бидат плен на погрешни информации и измами.

Имајќи ги во предвид и позитивните и негативните страни на е-комерцијата, позитивните се во поголем број и се издвојуваат. Со технологијата која само се движи напред можеме да претпоставиме дека онлајн пазарењето ќе стане потреба.

Многу компании се чувствуваат скептични заради малкуте, но сепак значајни слаби страни, со што одбиваат да го трансформираат својот бизнис во онлајн продавница.

Со е-комерцијата, потенцијалните купувачи ќе можат полесно да ве пронајдат и да ве запознаат. Како додатна придобивка, ова ќе му помогне на вашиот бизнис да стане попрофитабилен и веднаш препознатлив.

Е-комерцијата расте како никогаш досега, а онлајн продажбите растат се повеќе и повеќе. Ако сакате да го трансформирате вашиот бизнис во веб продавница, но се прашувате кое е вистинското време за тоа, одговорот е сега.

Доколку не знаете како, ние ви нудиме помош со нашиот курс за WordPress: Изгради веб продавница.