Дечки, помина една цела година откако компанијата на Глигор Ризов, SourceMX, прерасна од „one-man company“ во четворо-члена компанија со аспирации да прерасне во повеќе члена супер-наскоро!

Успеси забележавме и како SourceMX – Digital Marketing Agency, и како SourceMX Academy: нови странски и домашни клиенти, многу курсеви, повеќе од 80 задоволни учесници, нова локација, препознавање на нашиот експертизам во Месенџер маркетинг од ManyChat, многу комплетирани предизвици… скоро па и во неверица сме од сè она што го сработивме во оваа година. И да, најинтересно е она што воопшто не се чувствуваме како да помина цела година откако работиме заедно како тим.

Сè што сакаме да ви пренесеме денес е дел од среќата која ја чувствуваме за нашиот прв официјален роденден како SourceMX Academy, како и да ја искористиме можноста да се заблагодариме на сите оние кои нè поддржуваат во нашите цели и нашата една и единствена мисија: споделување знаење и вештини.

Луѓе, неизмерно ви благодариме за вашиот интерес, вашата поддршка, вашето присуство и вашата посветеност. 🙏 Навистина вие сте она што нè мотивира да продолжиме понатаму со забрзано темпо и да ги организираме токму курсевите кои вие ги сакате.

🎁 Време за подарокот! 🎁 Со пријавување на БИЛО КОЈ курс до среда, 25-ти септември, добивате 15% попуст!

Погледни ги активните курсеви:

А за малку и ќе заборавевме. Ќе ја искористиме оваа можност да ви најавиме дека наредната среда, 25-ти септември организираме After Work Rooftop Networking Party во просториите на SourceMX Academy каде што ќе ве запознаеме со нашите достигнувања, нашите курсеви и нашите планови за во иднина. Поканети сте СИТЕ вие кои нè поддржувате и СИТЕ вие кои сте заинтересирани во било која сфера од дигиталните професии!