fbpx

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА
ЗАПОЧНУВАЊЕ ДИГИТАЛЕН БИЗНИС


За прв пат ова лето SourceMX Academy ќе организира летна школа за започнување на дигитален бизнис.
Пријавувањето почнува денес, а бројот на учесници е ограничен на 13.

ВАЖНО: Сите часови ќе бидат организирани онлајн преку платформата Zoom.

EARLY BIRD REGISTRATION
ПРИЈАВИ СЕ ДО 12-ТИ ЈУНИ И ДОБИЈ 20% ПОПУСТ

Што е дигитален бизнис?

Порано или покасно, дигиталната трансформација ќе се случи и ќе ги зафати сите можни бизниси во светот, дури и оние кои можеби ви се чинат нелогични. Како резултат на коронавирусот, огромен дел од компаниите во светот ја разбраа важноста на тоа да бидат достапни онлајн и ги презедоа потребните чекори за да опстанат. Затоа, на оваа академија нема да научите како да започнете традиционален бизнис, туку како да започнете дигитален бизнис од старт!

Зошто дигитален бизнис?

Освен фактот што бизинсите кои нема да се прилагодат на промените наскоро ќе бидат на работ од исчезнувањето, постојат и други причини зошто Вашата цел треба да биде токму дигитален бизнис:

  • Големи заштеди на време и трошоци: Документите во дигитален формат лесно се зачувуваат онлајн, а тука го имате и додатниот бенефит од лесното споделување со било кој во неколку секунди. Дигитални документи значи помалку папки и документи, помалку хартија и принт материјали, и други ресурси кои и тоа како знаат да ги зголемат оперативните трошоци.
  • Зголемена продуктивност: Кога сите податоци ви се лесно достапни на интернет, од секој уред (телефон, компјутер на работа/дома) и уште полесно преносливи, Вие и Вашите вработени ќе можете лесно да ги пристапите сите документи кога и да сакате. Ако пребарување во хартиени документи Ви одзема 10-тина минути, пребарувањето на дигитален документ одзема само секунди: Search, внесување на името на документот, толку.
  • Поголема флексибилност во градењето тим: Со тоа што целосно ќе бидете онлајн, ќе имате многу поголем избор за градење на тимот и никакви ограничувања поради географската положба. А сигурно знаете деа голем дел од луѓето ја бараат таа флексибилност за работење од дома, со што од старт имате висока мотивација и гарантирана висока продуктивност од својот тим.
  • Податоците ќе Ви бидат посигурни: Иако нема потреба да напоменеме дека физичките документи се многу посклони на најразлични оштетувања, софистицираните модерни безбедносни рестрикции ќе ги заштитат сите Ваши документи од било какви закани.

Што ќе учиме:

Artboard 3

Генерирање на идеи

Artboard 3 copy

Финансии и Бизнис план

Artboard 3 copy 2

Менаџмент

Artboard 3 copy 4

Тимска работа

Artboard 3 copy 3

Лидерски способности

Artboard-2-copy-9.1

Маркетинг

ikonki

Изработка на веб страна

Инструктори

Летната школа за започнување на дигитален бизнис ќе ја водат повеќе ментори кои се експерти во своите области со повеќегодишно искуство. Нашите ментори го делат истиот ентузијазам и страст кон овој проект како нас, па затоа ве уверуваме дека часовите ќе се максимално ефикасно организирани, успешни и продуктивни, а вашите барања секогаш ќе бидат одговорени.

Gligor

Глигор Ризов

CEO | Founder of SourceMX Academy

g

Горан Николов

Facebook Ads Expert

mitko

Митко Андонов

Co-owner of KEC & GamaDizajn

nikola

Никола Митев

Certified accountant | ACCA student

bozanka

Божанка Витанова

Founder Of Eml Solutions

gogri

Ѓорги Милушев

Brach Manager at Eurostandard Bank

За кого е наменета оваа летна школа?

Летната школа ќе биде интерактивна, динамична и ќе биде предводена од 10 инструктори кои се врвни професионалци во своите полиња. Тие ќе ви предадат знаење од најразлични теми и аспекти поврзани со еден бизниc. За успешна имплементација ќе нѝ биде важно вашето присуство и 100% посветеност на часовите.

Зошто да се запишам?

Сега е вистинскиот момент да се посветиш на идејата која може да го промени твојот и животите на луѓето околу тебе. Благодарение на се поголемата библиотека на бесплатни алатки, софтвери и апликации, започнувањето дигитален бизнис никогаш не било полесно. На оваа школа ќе го добиеш знаењето потребно за лансирање и растење на бизнис, како и многу корисни вештини како што се:

  • Изработка на бизнис план
  • Финансиска писменост
  • Вештини за продажба
  • Деловна комуникација
  • Градење на веб страна
  • Рекламирање на социјалните медиуми
  • Брендинг
  • Развивање на лидерски способности
  • Менаџмент
  • Работа во тим

3 часа неделно

29 Јуни

6 недели

10 Инструктори

Процес на аплицирање

ЦЕНА: 400 евра | Со аплицирање до 12-ти јуни добивате 20%. Можност за плаќање на рати без камата.

Секој кој има желба да започне свој бизнис е добредојден да се пријави на оваа школа, без разлика на возраст, пол, статус како вработен или не. Најважно е да имате желба, идеја и мотивација да го направите првиот чекор кон започнување дигитален бизнис. Знаењето, чекорите и процедуратa ќе ви бидат предадени на оваа летна школа која ја организираме за прв пат и е наменета токму за луѓе со идеја, желба и мотивација.

Процесот на апликација е многу едноставен: пополнете ја формата со вашите информации и нашиот тим ќе ве контактира во најбрз временски рок. По аплицирањето ќе бидете контактирани наскоро со цел да утврдиме дека сте добро запознаени со оваа школа и ќе ви разјаснеме доколку имате некакви прашања. Пополнете ја формата за да се пријавите на летната школа за започнување сопствен бизнис.

SourceMX Academy се придржува до препораките на Министерството за Здравство и моментално сите активности околу организирањето на летната школа се ставени на пауза.

Пополни ги информациите и нашиот тим ќе те контактира за следните чекори