Зошто да бидеш инструктор во SourceMX Academy

Дали некогаш си размислил дека твоите вештини и твојот талент би можеле да бидат искористени за обучување на млади и амбициозни индивидуалци желни за просперитетна кариера? Без разлика на тоа дали имаш искуство како инструктор или не, ние во SourceMX Academy постојано бараме луѓе кои сакаат да ги споделат своите знаења и вештини со нашите учесници, па затоа би сакале да стапиме во контакт со тебе и да ја дискутираме нашата потенцијална соработка. Во меѓувреме, доколку сеуште се двоумиш дали да нѝ пристапиш или не, еве неколку причини зошто да станеш инструктор во SourceMX Academy:

  • Бидејќи ќе имаш можност да се издвоиш како експерт во твојата област
  • Бидејќи ќе имаш можност дa инспирираш животна промена кај други личности
  • Бидејќи ќе запознаеш и размениш мислења и искуства со најразлични личности
  • Бидејќи можеби ненадејно ќе започнеш сосема нова кариера како full-time инструктор
  • Бидејќи ќе заработиш дополнителни средства

Пријави се за инструктор

    Како и кој може да се пријави за инструктор во SourceMX Academy?

    Во SourceMX Academy, секогаш имаме отворени врати за нови и иновативни вештини и курсеви. Процедурата за станување инструктор за SourceMX Academy е следнава:

    • Се пријавувате со пополнување на формата погоре или преку телефон
    • Доставувате драфт верзија од Вашата програма за курсот
    • По внимателно разгледување на Вашата програма, доколку го прифатиме Вашиот курс:
      • Ќе побараме кратко резиме од Вас, како и Ваша фотографија за веб страната и за маркетинг материјали
      • Ќе Ве повикаме на интервју за да ги финализираме деталите
    Секој кој има желба да ги сподели своите знаења и вештини од браншите програмирање, маркетинг, дизајнирање или слични дигитални занимања е добредојден да се пријави како инструктор во SourceMX Academy. Постојано сме во потрага на инструктори, затоа што веруваме дека постојано има млади лица желни за учење и стекнување нови вештини.