fbpx

Во последните неколку години, сигурно насекаде слушавте и читавте за подкасти. Иако како медиум постојат веќе повеќе од 10 години, последните две години станаа мега популарни, квалитетот на темите е се подобар, а платформите за дистрибуција на подкасти се исто така во подем.

За многумина, ова е веќе најдобриот или единствениот канал за дознавање на новости или пак учење нови факти, искуства и информации. Ако земеме во предвид дека моментално постојат подкасти за најразлични теми кои секојдневно се обновуваат и надоградуваат, не е ни чудно зошто за толку луѓе слушањето подкасти е секојдневна рутина.

Иако моментално интернетот е преплавен со бесплатни материјали, курсеви и видеа, тимот на SourceMX Academy ги споделува топ 5-те подкасти кои ги препорачуваме за во било кое време, не само во периодот на самоизолација.

Секојдневни новости: Today in focus

Светски познатиот медиум, Гардијан (The Guardian) има долга листа на подкасти за најразлични теми и области, но овде ќе го издвоиме само Today in Focus, како еден од најслушаните. За 20 минути, овој подкаст ги покрива најглавните новости од цел свет. Одличен кога си во брзање, а сакаш да бидеш во тек со настаните во светот.

Историја: How to take over the world

Те интересираат историски ликови и како ги постигнале нивните цели? How to take over the world е одличен подкаст во кој секоја епизода детално ги објаснува стратегиите и тактиките на големите историски ликови како Цезар и Наполеoн Бонапарта. Детално се анализираат нивните навики, чекори и пристапот на проблемите, од кои секој од нас може многу да научи.

Филм и серии: What to watch on Netflix

Во време кога сите ние поминуваме многу повеќе време дома отколку вообичаено, одлуката за кој филм или серија да почнеме да гледаме, станува се потешка и потешка. Преминуваме во фаза во која повеќе време поминуваме во пребарување содржини отколку во гледање. Затоа, наш предлог подкаст, кој ќе ти помогне при изборот на филм или серија – What to watch on Netflix. Овде можеш да слушнеш корисни информации за нови Netflix серии, како и интервјуа со некој од тимот на серијата или глумците.

Бизнис: Masters of Scale

Еден од најдобрите подкасти за бизнис и финансии, Masters of Scale, е започнат од ко-основачот на социјалната мрежа LinkedIn, Рид Хофман (Reid Hoffman). 

Секоја епизода, Хофман излага теорија како успешните бизниси пораснале и ја тестира валидноста на теоријата преку интервјуирање на основачите и нивниот пат до успехот. Овде имаш шанса да ги слушнеш искуствата и тактиките на некои од најголемите бизнисмени во светот како Марк Цукерберг (Facebook) и Рид Хастингс (Netflix).

Музика: The New York Times Popcast

За сите обожаватели на музика, овој подкаст е одлична можност да научите многу од музичкиот критичар Џон Караманика кој оди во детали при анализирање на некои од најпознатите музичари. Подкастот “The New York Times Popcast” опфаќа повеќе теми, од подемот на Пост Малоун, музичкото наследство на Крис Корнел, како и иднината на џез музиката.

Периодот на самоизолација е шанса да научиме нешто повеќе, да тестираме нови методи за работа и секако, да изгледаме неколку квалитетни филмови и серии.

Тимот на SourceMX Academy веќе објави неколку текстови кои ќе ти помогнат како да го искористиш вишокот слободно време. За да ги погледнеш, посети го нашиот блог.