Комплетен курс за видео обработка со Premiere Pro & After Effects

Научи ги најпознатите програми за видео обработка и motion graphics од инструктор со долгогодишно искуство. По завршување на курсот SourceMX Academy ги поврзува учесниците со нашите партнер компании за обезбедување пракса.

Оставете контакт информации и нашиот тим ќе Ве контактира со повеќе информации и детали околу курсот.

Зошто Premiere Pro & After Effects?

Опис на курсот:

Овој курс ги покрива основните правила и принципи на видео-обработката, како и додавањето визуелни ефекти и анимации. Тука ќе научите да ги користите алатките на софтверските програми Adobe Premiere Pro и Adobe Аfter Effects, со кои ќе можете да ги обработувате Вашите видеа и да им додавате најразлични ефекти и анимации.
 
Инструкторот Владимир Андреевски има повеќе од 10 години искуство како визуелен артист и работење во областа на дигиталниот маркетинг. Тој несебично ќе го подели своето големо знаење со учесниците на курсот и преку практични примери ќе им овозможи да научат да прават професионални и висококвалитетни видеа.
 
Курсот е со основно ниво и може да се пријават апсолутни почетници кои немаат претходно познавање од оваа област, но и луѓе кои веќе на некаков начин се навлезени во светот на видео-продукцијата и сакаат да го надополнат своето знаење.

Што ќе научите?

да ги користите софтверите Premiere Pro & Adobe After Effects и нивните алатки

да изработувате најразлични визуелни ефекти врз видео материјали

да правите корекција на слики и комплексни композиции

да изведете сè што може да биде претставено како Motion Graphic

За кого е наменет овој курс?

апсолутни почетници без претходно познавање што сакаат да се стекнат со вештини за видео-обработка и визуелни ефекти;

сите кои се занимаваат со видео-продукција и би сакале да го надоградат своето знаење

маркетинг менаџери кои сакаат да ја превземат продукцијата на содржини за своите рекламни кампањи

секој кој сака да изгради кариера во TВ и филмската индустрија

Важни информации за курсот

ЦЕНА

21.200 18.550
50% ПОПУСТ НА ПРВА РАТА

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

21 ДЕН ПО 120 МИНУТИ ДНЕВНО

ПОЧЕТОК

25-ТИ ЈАНУАРИ

РАСПОРЕД

3 ПАТИ НЕДЕЛНО (од 19.30 до 21.30)

Комплетен курс за видео обработка со Premiere Pro & After Effects

Регуларната цена на овој курс е 21.200 денари, со можност за уплата на 4 месечни рати по 5300 денари.

Но, за првите 6 учесници имаме 50% за уплата на првата рата и истата ќе биде по цена од 2650 денари, а со тоа вкупната цена за курсот ќе изнесува 18.550 денари.

КОМПАНИИ СО КОИ СОРАБОТУВАМЕ

МОЖНОСТ ЗА ПРАКСА ПО КОМПЛЕТИРАЊЕ НА КУРСОТ

Сите учесници кои ќе ги исполнат условите за успешно комплетирање на курсот, како минимум часеви на присуство, минимум испратени задачи, ќе добијат шанса да продолжат да се надоградуваат во една од компаниите со кои SourceMX Academy соработува.

Пријави се помеѓу првите 6 учесници и добиј 50% попуст на првата рата.

Денови
Часеви
Минути
Секунди
Курост започна
"На курсот за Premiere Pro научив многу и тоа ќе ми биде од голема важност професионално, но и на личен план. Инструкторот Владимир е експерт во тоа што го работи, а неговото знаење знае одлично да го пренесе на студентите. Секогаш ги поддржувам луѓето кои инвестираат во себе и сакаат да научат нешто ново, бидејќи само на тој начин можеме да стигнеме до целта."
Филип Пецовски
Учесник на курсот за
Видео Обработка во Premiere Pro

ЗАПОЗАЈ ГО ИНСТРУКТОРОТ

Со повеќе од 10 години искуство во дигиталниот маркетинг како тим лидер, визуелен артист (графички дизајн, движечка графика, UI/UX дизајн, видео едитор, VFX, SFX, 2D и 3D) и огромна пасија кон споделување на стекнатите вештини и знаења, Владимир Андреевски несебично ќе сподели сè со вас на курсот за Видео Обработка во Premiere Pro. Проектите на кои Владимир е особено горд се за познати наши и светски компании, како што се Ford, Opel, Тутунска Банка, Grow Landscapes, Brainy Crafts, Raiffeisen bank, Marriott Hotels, Skechers, Forza и Nespresso. Други карактеристики со кои нашиот инструктор за видео обработка со Premiere Pro се одликува се одлично разбирање со учесниците, високо ниво на организираност, професионалност и способност да го прилагоди секој час според реалните потреби на учесниците.

u-oxyytu1acvvv86iclum5uy1q1hqodzam8hf580knoo

Владимир Андреевски

Graphics Designer,UI/UX, Motion Graphics, Video Editor, VFX, 2D and 3D artist

ПРОГРАМА

Introduction to Premiere Pro
Introduction to After Effects
Basic
Editing
Principles of
animation
Audio
Editing
Primary and
secondary animation
Video editing
footage
Text, Shapes, Parenting
Keyframes, Keying
Color
Grading
Color
Matching
Syncing video
& audio
Transitions
VFX for motion

Што ти е потребно

Кликнете на едно од копчињата за да ги видите минималните и оптималните барања за Вашиот уред.