Курс за Blockchain Development
Креирај го твојот прв Smart Contract
Почеток: Април
Времетраење: 10 недели
Цена: 350 евра/ плаќање на рати
Ниво: почетник
Сертификат: Blockchain Developer
Нашата програма ќе ти помогне да ги научиш основите на Blockchain development, каде потоа ги покриваме сите технички аспекти заедно со потребните техники за изградба на твојот прв Smart Contract. Преку добро подготвен теоретски материјал, ќе се запознаш каде се користи Blockchain програмирањето и зошто е најбараната вештина во 2020-21 година. Подоцна, користејќи го Solidity и работејќи на некоја од Ethereum мрежите ќе научиш како практично да ги искористиш вештините кои ќе ги стекнеш кај нас. Од моментот на аплицирање, па се до почнувањето на курсот ќе имаме процес на селекција бидејќи имаме слободни места да прифатиме само одреден број на кандидати со барем минимални ниво на познавање од областа на програмирање.
Овој курс ќе ти помогне да навлезеш во светот на Blockchain, каде ќе ја научиш структурата и својствата на самиот Blockchain и поединечните блокови што го сочинуваат.
Blockchain е систем на снимање информации на начин што го отежнува менувањето, хакирањето или измамувањето на системот.
Blockchain е тип на база на податоци што се разликува од типичната база на податоци по начинот на кој ги складира информациите; блокчејновите складираат податоци во блокови кои потоа се поврзани заедно преку криптографија.
Како што доаѓаат нови податоци, тие се внесуваат во нов блок. Откако блокот ќе се пополни со податоци, тој се врзува со синџир на претходниот блок, што ги прави податоците поврзани со синџир по хронолошки редослед.
Blockchain е моќна технологија со примена во области како што се криптовалути, здравство, осигурување, музика, синџир на снабдување и управување со податоци како и разни други примени. Со разбирање на основите механизми кои го поттикнуваат блокчејнот, можете да откирете случаи и примени на Blockchain во вашиот сопствен живот и работа.
Запознај го инструкторот:

Димитар Бочваровски - Web Developer & Certified Ethereum Developer
Димитар е софтверски инженер со повеќе од 5 години искуство во областа на Web Development. Има работено на повеќе проекти поврзани со e-commerce, dashboards, domain name платформи и SaaS апликации. Веќе една година активно се занимава и ја изучува blockchain технологијата и се има здобиено со титула Certified Ethereum Developer од CensenSys Academy.

SMX - ЗА НАС
Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SourceMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.


Што имаме постигнато

Што велат нашите учесници



Што по завршување на курс во SMX
Сертификат за успешно завршен курс
Видеа и задачи од сите предавања
Додавање во платформата на SMX
Што ќе научиш
Преку нашиот курс за Blockchain developemnt, ќе ги совладаш основите на Blockchain, која е неговата примена и каде најчесто се применува. Основите на Ehtereum, трансакциите кои се одвиваат таму и како тие се прикажуваат на самата мрежа.
Основната синтакса на Solidity, како и креирање на вашиот прв Smart Contract.
Овој курс ќе ти помогне да разберете како функционира светот на Blockchain и да го пронајдеш твојот сопствен пат во таа гранка.
Во кои области да ги искористиш вештините од овој курс
Оригиналниот концепт зад пронајдокот на блокчејн технологијата сè уште е одлична апликација. Трансферите на пари со користење на блокчејн може да бидат поевтини и побрзи од користењето на постоечките услуги за трансфер на пари.
Многу компании се појавија во текот на изминатите неколку години нудејќи децентрализирана размена на криптовалути. Користењето блокчејн за размена, овозможува побрзи и поевтини трансакции. Покрај тоа, децентрализираната размена не бара од инвеститорите да ги депонираат своите средства кај централизираниот орган, што значи дека тие одржуваат поголема контрола и безбедност.
Заемодавачите можат да користат блокчејн за да извршуваат заеми обезбедени преку паметни договори. Паметните договори изградени на блокчејн дозволуваат одредени настани автоматски да активираат работи како плаќање на услугата, повик за маржа, целосна отплата на заемот и ослободување на колатералот. Како резултат на тоа, обработката на заемите е побрза и поевтина, а заемодавачите можат да понудат подобри стапки.
Користењето паметни договори на блокчејн може да обезбеди поголема транспарентност за клиентите и давателите на осигурување. Снимањето на сите побарувања на блокчејн ќе ги спречи клиентите да поднесат дупликат тврдења за истиот настан. Понатаму, користењето паметни договори може да го забрза процесот на барателите да примаат плаќања.
Чувањето на податоци како што се вашиот број за социјално осигурување, датумот на раѓање и други информации за идентификација на јавна книга (на пример, блокчејн) всушност може да биде побезбедно од сегашните системи кои се поподложни на хакери. Блокчејн технологијата може да се користи за да се обезбеди пристап до информации за идентификација, а истовремено да се подобри пристапот за оние на кои им е потребна во индустриите како што се патувањето, здравството, финансиите и образованието.
За кој е наменет овој курс
За сите кои сакаат да влезат во светот на блокчејн девелопирање и да ги научат основите на блокчејнот и како се создава еден Smart Contract.
За сите кои сакаат да разберат како се прават трансакции во светот на криптовалути.
Секој кој што сака да започне кариера во блокчејн девелопирање, каде во 2021 беше најбарана вештина на Linkedin.
Пријавување
За да аплицирате на курсот за Blockchain пожелно е да се има познавање на некоја од технологиите како Python, C++, Javascript, но и било кој друг framework. Меѓутоа, не претставува одлучувачки фактор за тоа кој може да аплицира, бидејќи најмногу акцент ставаме на висока мотивација и посветеност кон учење нова вештина. Процесот на апликација е следен. Мора успешно да ги пополните наведените полиња и да ни испратите ваше CV наведувајќи го вашето образование, ако имате претходно работно искуство и вашите квалитети. Апликациите ќе се прифаќаат до 8-ми април. Во периодот до крајниот рок, секој кандидат ќе биде контактиран и ќе договориме доколку е потребно дополнителни Zoom повици.
НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:
Време:
1.30 мин предавање
Распоред
10 Недели
Zoom
Online предавања
Цена
350 €