Усоврши ги твоите комуникациски вештини.
Зошто PR?
Односите со јавноста e научна и практична дисциплина која го создава и одржува угледот на компанијата со цел да стекне разбирање и поддршка, како и да влијае на мислењето и однесувањето на јавноста. Toa e динамична дисциплина, која е совршена за личности кои имаат желба секој ден да им биде различен и полн со предизвици. Стратегијата за односи со јавноста го опишува начинот на кој ќе се постигнат претходно поставените цели за воспоставување и одржување на взаемно корисни односи меѓу организацијата и нејзината целна јавност.
PR менаџерите се присутни на конференции и други најразлични настани, и на тој начин се обидуваат да комуницираат со клучни луѓе од одреден деловен свет и за да бидат подготвени за сите предизвици, треба да поседуваат современи вештини.
Нашиот курс за PR има за цел на учесниците да им помогне да се стекнат со вештини за односи со јавност неопходни за дефинирање, имплементација и евалуација на стратегии и тактики кои ќе помогнат во градењето на идентитетот, имиџот и репутацијата на една организација. Анализата и работа на реални примери ќе придонесе кон приближување на PR-от до учесниците и како тие да постапат доколку се најдат во слична ситуација.
По завршување на овој курс ќе имате знаење и вештини за односи со јавноста, ќе го совладате деловниот протокол и комуникација, односно ќе бидете обучени да работите како модерен PR менаџер.
Ѓорѓина Џина Шеровска е докторант во областа на маркетинг менаџментот и нејзината академска насока е стратешки комуникации, односи со јавност и дигитални медиуми.
Професионално работи во областа на внатрешна ревизија, односно кредитна контрола, но делува и како консултант во областа на маркетингот. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односи со јавноста, бренд менаџмент и интегрирани маркетинг комуникации со посебен осврт кон финансиите како клучна дисциплина која се обединува со маркетингот.
ПОДНЕСЕТЕ АПЛИКАЦИЈА
ЌЕ БИДЕТЕ КОНТАКТИРАНИ
УПЛАТА ЗА
КУРС
ЗАПОЧНУВАЊЕ НА КУРСОТ