Курс за SEO (Search Engine Optimization)

Научи како да ја зголемиш видливоста и посетеноста на твојата веб-страна.

ПОЧЕТОК: 5ти МАЈ

Оставете контакт информации и нашиот тим ќе Ве контактира со повеќе информации и детали околу курсот, или кликнете на копчето КОНТАКТИРАЈ НЕ за да се пријавите телефонски.

Зошто SEO?

Главната цел на секоја веб-страна е да привлече што повеќе посетители, а една од техниките што најефективно помага за подобра онлајн видливост и посетеност е оптимизација на веб-страната за Web пребарувачи, oдносно Search Engine Optimization (SEO).

SEO е процес на отимизација на веб-страната и на нејзината содржина, кој има за цел да постигне најдобра можна позиција во резултатите од пребарувањето на интернет пребарувачите.

Со овој курс ќе се стекнете со on-page и off-page вештини со кои ќе можете да ја подобрите оптимизацијата на еден веб сајт со цел на зголемување на органските посети на истиот. Во on-page делот ќе научите како да ги оптимизирате сите страни од еден веб сајт, додека пак во off-page делот ќе ги научите најдобрите моментални линк билдинг стратегии.

По завршување на курсот, ќе можете самостојно да го генерирате HTML кодот на веб-страната и нејзината содржина, за да рангира што е можно подобро во резултатите од пребарувањето. Исто така, ќе стекнете вештини кои ќе ви помогнат да идентификувате значајни податоци од веб-аналитика и да имплементирате голем број активности за подобрување на позицијата и сообраќајот на страницата.

За кого е наменет овој курс:

ГЛАВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КУРСОТ

  • Кога започнува:  5ти мај (четврток)
  • Која е цената: 4.000 денари
  • Кој е распоредот: 8 предавања (4 недели во вторник и четврток)
  • Во колку часот започнува и колку трае: од 18:30 до 20:00 часот

шТО ЌЕ НАУЧИШ

Техники со кои ќе се одредуваат стратегии за избор на клучни зборови и уредување на внатрешната конфигурација на веб-страната според критериумите на SEO.

Оптимизација и прилагодување на HTML елементи, параметри на серверот на веб-страната, како и содржина на страната според претходно утврдена стратегија за клучни зборови;

Следење на сообраќајот на веб-страната преку онлајн услугата за веб-аналитика и анализа за однесувањето на посетителите на страницата за поефикасна оптимизација.

Запознај го инструкторот: Јован Костов

Дипломиран Маркетинг Менаџер

Јован е нашиот инструктор на курсот за SEO. Тој почнува да се занимава со дигитален маркетинг уште во 2013 година откако се вработува во австралиската дигитална маркетинг агенција “Мегантик”, каде и сè уште работи.

Напредувајќи во своето работење, во 2015 станува и тим лидер, односно одговорен за работата на членовите на неговиот тим и за голем број на проекти од висок профил. Исто така, одговорен е и за обука на нови кандидати и воведување во процесот на работа.

Воедно, тој од 2017 година работи и во ElectricBot како SEO Specialist.

ПроГРАМА

Вовед: Што е SEO? 

Што треба да знаете за Google

On-site оптимизација

  • Што е Google on-site оптимизација?
  • Keyword research
  • Competiton research
  • Meta tags
  • URLs
  • HTTPS
  • Clean code
  • Heading tags
  • Alt tags
  • Flash
  • Sitemaps
  • Internal linking
  • Final three
Оff-site oптимизација

  • Што е?
  •  Видови на линкови
  • Како да дојдете до линкови
  • Како да линкувате
  • Anchor text
  • Link juice

Local SEO

  • Business listings
  • Начин на заработка преку SEO
  • Reviews

Начин на заработка преку SEO

  •  Сопствен бизнис со вебсајт
  • Сопствен вебсајт
  • Работа во дигитална маркетинг компанија
  • Начин на заработка преку SEO 

Tерминологија

Цена

4000 ден.
  •  

Почеток​

05.05 четврток
  • 077 648 049 ​

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

  • По завршување на курсот, најистакнатите учесници ќе добијат можност за пракса во агенција за дигитален маркетинг;
  • Учесниците добиваат сертификат за успешно завршен курс;
  • Предавањата се одвиваат онлајн преку Zoom;
  • Сите предавања се снимаат и учесниците добиваат видео-снимка од секое предавање
  • Секој учесник ќе биде контактиран за повеќе информации и упатство за следење на курсот;

ПРОЦЕС НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Чекор 1

ПОДНЕСЕТЕ АПЛИКАЦИЈА

Чекор 2

ЌЕ БИДЕТЕ КОНТАКТИРАНИ

Чекор 3

УПЛАТА ЗА
КУРС

Чекор 4

ЗАПОЧНУВАЊЕ НА КУРСОТ