Курс за видео обработка со Premiere Pro
Научи како да работиш со програмата преку која се монтираат реклами, спотови и филмови!
Оставете контакт информации и нашиот тим ќе Ве контактира со повеќе информации и детали околу курсот.
Зошто Premiere Pro?
Video Editing, или видео обработка, е еден од најважните елементи во снимањето филмови и телевизиска продукција. Креирање на видео проект од кој било вид и за која било намена е долг процес со многу важни фази, а еден од најважните чекори е токму видео обработката.
Процесот на видео обработка ви овозможува да ги разгледате сите снимки направени за време на едно снимање. Тука имате можност да забавите и внимателно да ја разгледате целата содржина со која треба да работите, за да можете да формулирате начин како да го склопите сето тоа заедно и да дојдете до краен производ. Исто така, во текот на уредувањето се носат важни одлуки за бои, фонтови и други елементи, како и додавање визуелни ефекти, транзиции и многу повеќе.
Основното познавање на видео обработка ве подготвува со вештини потребни за производство на квалитетни видеа, филмови, слајд шоуа, уредување вести, видео монтажи и слично.
Фокусот на овој курс ќе биде ставен на работната средина на софтверот Adobe Premiere Pro и на совладување на неговите опции за видео обработка и монтажа. Програмата го има епитетот на најраспространета кога станува збор за софтвер за уредување видео и е достапна за корисниците на оперативните системи Windows и Mac.
Ќе добиете знаење за користење на алатките и техниките на Adobe Premiere Pro;
Ќе ги научите основните концепти на видео монтажа;
Ќе можете самостојно да обработувате и монтирате видео-материјали;
(Graphics Designer,UI/UX, Motion Graphics, Video Editor, VFX, 2D and 3D artist)
Владимир Андреевски има повеќе од 10 години искуство во дигиталниот маркетинг како тим лидер, визуелен артист (графички дизајн, движечка графика, UI/UX дизајн, видео едитор, VFX, SFX, 2D и 3D) и огромна пасија кон споделување на стекнатите вештини и знаења. Проектите на кои Владимир е особено горд се за познати наши и светски компании, како што се Ford, Opel, Тутунска Банка, Grow Landscapes, Brainy Crafts, Raiffeisen bank, Marriott Hotels, Skechers, Forza и Nespresso.Други карактеристики со кои нашиот инструктор за видео обработка со Premiere Pro се одликува, се одлично разбирање со учесниците, високо ниво на организираност, професионалност и способност да го прилагоди секој час според реалните потреби на групата.
Предавање 5:
ПОДНЕСЕТЕ АПЛИКАЦИЈА
ЌЕ БИДЕТЕ КОНТАКТИРАНИ
УПЛАТА ЗА
КУРС
ЗАПОЧНУВАЊЕ НА КУРСОТ