ПОЧЕТНИЧКИ КУРС ЗА ДИЗАЈН СО ILLUSTRATOR & PHOTOSHOP

Научете ги основните алатки кои се потребни за создавање на најразлични графички дизајни

20% попуст за првите 6 учесници

Оставете контакт информации и нашиот тим ќе Ве контактира со повеќе информации и детали околу курсот.

ЗОШТО PHOTOSHOP & ILLUSTRATOR?

Графичкиот дизајн е директно поврзан со уметноста и бизнисот, а својата примена ја наоѓа во креативниот дизајн на производи. Преку графичко дизајнирање се создаваат функционални производи кои служат пред сè за подобро претставување на брендот пред потрошувачот. Ова се постигнува со комбинирање на бои, фонтови, илустрации, фотографија, анимација и слично.

Најчесто користени и најпопуларни програми за графички дизајн секако се Adobe Photoshop и Adobe Illustrator.

Illustrator е професионална програма за дизајнирање и цртање заснована на вектори, која овозможува создавање од единечни елементи на дизајнот, па сè до цели композиции. Користејќи го овој програм, може да се креираат, цртаат и обработуваат логоа, симболи, амблеми и останати графики за онлајн, мултимедија или печатен материјал.

Photoshop се користи за уредување фотографии, веб-дизајн, 3D моделирање и текстурирање. На пазарот на труд, побарувачката за графички дизајнери е се поголема, бидејќи нивните знаења и вештини се користат во најразлични професии и области.

За кого е наменет овој курс:

ГЛАВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КУРСОТ

  • Почеток: 25ти јануари (вторник)
  • Цена: Регуларната цена е 6000 денари, но првите 6 учесници кои ќе се пријават добиваат 20% попуст и цената за нив ќе изнесува 4800 денари.
  • Предавања: 10 предавања од по 120 минути
  • Термин: од 18:00 до 20:00 часот

шТО ЌЕ НАУЧИШ вО ILLUSTRATOR

Интерфејсот и основните алатки на Illustrator

Векторски илустрации, градиенти и патерни

Креирање на симболи, логоа и визит-карти.

шТО ЌЕ НАУЧИШ вО PHOTOSHOP

Интерфејсот и основните алатки на Photoshop

Едитирање и корекција на фотографии, реставрација и ретуширање на стари фотографии, колаж

Дизајн на рекламен материјал за амбалажа

Инструктор: Вероника Петрова

Графички Дизајнер

Вероника веќе неколку години работи freelance како графички дизајнер. Таа одлично ги владее програмите за дизајнирање Adobe Photoshop и Adober Illustrator, и нејзина специјалност се изработки на дизајни за амбалажи, рекламни материјали и списанија.

Adobe Illustrator

1. Што е Adobe Illustrator? Создавање на документ, интерфејс, користење Pen Tool (+ Pencil and Brush Tool).

2. Креирање симболи (icons). Shape Tool + Shape Builder Tool (Создавање на форми), векторска илустрација.

3. Боја. Креирање на Flat Design, користење градиенти, работа со патерни (Шеми).

4. Текст. Видови ефекти и графички стилови, креирање разгледница и флаер, експортирање на документ.

5. Завршен Adobe Illustrator проект – Лого + Визит карта.


Adobe Photoshop

1. Што е Adobe Photshop? Создавање на документ, интерфејс, селектирање.

2. Текст. Видови ефекти, едитирање на фотографија, креирање на насловна страна од списание.

3. Корекции на фотографија. Реставрација и ретуширање на стари фотографии.

4. Перспектива. Работа со колаж и експортирање на документ.

5. Завршен Adobe Photoshop проект – Дизајн на рекламен материјал на амбалажа.

Цена

6000
4800 ден.
  • 20% попуст за првите 6 учесници

Почеток​

25.01 вторник
  • 077 648 049 ​

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

  • Добиваш сертификат за успешно завршување на курсот.
  • Курсот ќе се одржи онлајн, секој пријавен ќе биде контактиран со повеќе информации.
  • Секој пријавен ќе добие упатство за онлајн курсот.

ПРОЦЕС НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Чекор 1

ПОДНЕСЕТЕ АПЛИКАЦИЈА

Чекор 2

ЌЕ БИДЕТЕ КОНТАКТИРАНИ

Чекор 3

УПЛАТА ЗА
КУРС

Чекор 4

ЗАПОЧНУВАЊЕ НА КУРСОТ