Воведен курс за Python

Промотивна цена од 1200 денари!

Пополни ги информациите и нашиот тим ќе те контактира за следните чекори.

Напишете го својот прв код во Python!

Python е програмски јазик кој е лесен за учење и има широк спектар на добро платени работни места во многу области. Во текот на последните неколку години, Python стана еден од најпопуларните програмски јазици. Побарувачката за Python програмери на пазарот на трудот се зголемува и затоа веруваме дека е вештина што може да ви помогне да влезете во некои од највозбудливите и најатрактивни индустрии, како што се наука за податоци, веб апликации, автоматизација на домови (IOT) и други. Python е еден од „најомилените“ и „најбараните“ програмски јазици според неодамнешните истражувања во индустријата. Не би можело да има подобро време за да се приклучите на Пајтон светот.

Официјален Сертификат од Python Institute

SourceMX Academy е официјален партнер со светски признатиот Python Institute кој ги верифицира нашите курсеви. За сите наши учесници кои ќе го завршат курсот, добиваат официјален сертификат за присуство. Дополнително, SourceMX Academy може да ги насочи учесниците за полагање на тест и добивање официјален сертификат за знаење издаден од Python Institute.

Зошто да се пријавите на овој курс?

Затоа што ќе започнеме од нула и ќе добиете основно, но корисно познавање во Python. Ќе научиме како се пишува професионален код и како се создаваат добри практики во програмирањето со овој јазик.

На овој курс ќе научите:

Како да ја инсталирате вашата работна околина

Како да креирате блокови

Како да се манипулира со податоците

Како да креирате мали програми

Проекти од завршени курсеви

Проект од минатиот курс беше автоматско пребарувње на интернет и собирање на податоци т.н. Web Scraping. Учесниците креираа програма која собирa податоци за курсевите во SourceMХ Аcademy и потоа истите тие податоци се внесуваат во Excel и се прави анализа врз тие податоци. 

Не се двоумете. Сега е најдоброто време за да научите нов програмски јазик, особено Python.
15
Капацитет на курсот
4
Пријавени учесници
11
Слободни места

Важни информации за курсот

1200 ден
  • Времетраење: 6 дена
  • Почеток: 21.02
  • понеделник, среда и четврток

Запознај Го Инструкторот: Ненад Ристов

Ненад Ристов е програмер со четири годишно искуство во програмирањето. Има огромно познавање на Python,  како и Веб технологиите(HTML, JavaScript, CSS, JQuery),Java, C++, Pascal, SQL, MySQL, PostgreSQL. За себе вели дека е амбициозен, авантурист, зависник од адреналин и доживотен ученик.