Воведен курс за SQL

Научи го еден од најкористените програмски јазици за управување со податоци

Оставете контакт информации и нашиот тим ќе Ве контактира со повеќе информации и детали околу курсот.

Зошто SQL?

SQL (Structured Query Language) е јазик со модел на релациски бази на податоци и е еден од најкористените јазици за управување со базите на податоци. Во денешно време, речиси е невозможно сериозно да се занимаваме со анализа на податоци без познавање на SQL. Затоа, секој кој сака да ја фокусира својата кариера во Data Science, AI (Вештачка интелигенција), ML (Machine Learning), SQL е еден од основните чекори кои мора да ги совлада.
 
Познавањето на јазикот SQL ви дава одредена самостојност и независност во работата. Со помош на овој јазик можете сами да ги прочитате податоците од базата, да ги организирате во соодветни табели кои понатаму може да се користат и за креирање на извештаи.
 
За што се користи SQL:
  • креирање на нова табела во базата на податоци (DB);
  • додавање нови записи на постоечките табели;
  • ажурирање записи во постоечки табели;
  • целосно бришење на податоци;
  • избор на записи од различни табели, во согласност со наведените услови;
  • менување на видот и структурата на една или повеќе табели.
  • создавање или измена на нови или постоечки објекти во базата на податоци;
  • пристап до системот за управување со бази на податоци (DBMS).
 
Нашиот курс за SQL има за цел на учесниците да им помогне да стекнат нови вештини од областа на управување со податоци, правење анализи, извлекување извештаи преку совладување на најкористениот програмски јазик за бази на податоци. Преку добро подготвен теоретски материјал, ќе се запознаеш каде се користи SQL и зошто е толку популарен. Потоа, преку практични примери ќе започнеме со пишување на код во SQL кој ќе ни покаже какви се релации има помеѓу табелите и какви заклучоци може да извлечеме.
 
Овој курс ќе ти помогне да донесуваш подобри одлуки и во бизнисот и во личниот живот, базирајќи се на докажани техники за анализа.

За кого е наменет овој курс:

ГЛАВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КУРСОТ

  • Кога започнува: 22.03 (вторник)
  • Која е цената: 6000 (можност за плаќање на 2 рати)
  • Времетраење: 16 предавања по 90 минути
  • Распоред: вторник и четврток (8 недели) од 18:00 do 19:30

шТО ЌЕ НАУЧИШ

Што се бази на податоци и каде се користат

Како се пишува SQL и кои се основните оператори

Сложени операции и повеќеслојни услови

КАДЕ МОЖЕ ДА ГИ ИСКОРИСТИТЕ ВАШИТЕ ВЕШТИНИ ОД КУРСОТ?

Запознај го инструкторот: Анета Трајковска

Дипломиран софтверски инженер на ФИНКИ.

 Своето повеќе годишно искуство во ИТ индустријата го има како .Net developer со SQL бази на податоци.

Секојдневно работи на реални проекти каде се вклучени комплексни бази на податоци. Активно се надградува преку посета на голем број семинари, обуки и е во чекор со новостите од нејзината област. Исто така поседува и сеpтификати од официјалната Microsoft академија за Querying Data with T-SQL.

Своето искуство го има споделувано преку предавања и давање на обуки.

ПроГРАМА

 

Тема 1: Вовед во релациони бази на податоци

  • Што е релациона база на податоци?
  • Пример за база на податоци
  • Јазици на база на податоци и каде се користи секој од нив (DDL, DML, DCL )

Тема 2. Вовед во SQL

  • Како работи SQL 
  • Што е табела и примери за табели , колона, ред и нивни типови на податоци

 

Тема 3. Користење на SQL за преземање податоци од табели

 

 

  • Вовед со SQL
  • Формирање на SQL query  и негова основна синтакса  (Select, Distinct, From)
  • Дефиниција на WHERE клауза со еден услов


Тема 4. Користење на разни типови на оператори за создавање посложени предикати во WHERE

  • Релациони оператори  
  • Булови оператори  
  •  Аритметички оператори  

 Тема 5. Користење на оператори во WHERE услов за спојување на повеќе услови и изрази (логички и оператори за споредба)

  • IN, AND, OR, BETWEEN, NOT оператори Wildcards (%, _), LIKE оператори за споредба на карактери


 Тема 6. Користење на SET операции и сортирање на податоци

  • Унија, пресек, исклучок помеѓу две или повеќе query и добивање на една табела од две или повеќе табели (UNION | INTERSECT| EXCEPT [ALL])  Сортирање на редови од дадена табела според вредност на даден атрибут -SORT BY ASC/DESC

 Тема 7. Нул вредности и вградени функции, функции за конверзија

  • Оператор NULL, NOT NULL ,споредба со вредност 0 и нивно користење (SUM, MIN, MAX, COUNT, AVG, FIRST, LAST) готови функции и нивно правилно користење 
  • Конверзија во стринг, конверзија во број, конверзија во датум со форматирање 

 Тема 8. Функции со карактери, броеви и датуми

  • Конверзија во мали, големи, голем прв карактер во зборот
  • Конкатенација на карактери
  • Подзборови и должина на стрингови
  • Функции за заокружување, одсекување со н децимални места и остаток при делење на м со н
  • Функции со број на месеци/ден меѓу два датуми, додавање на месец/ден, последен датум во месец итн. 

 Тема 9. Групирање и сортирање на групи,  HAVING услов

  • Групирање на редови според вредност на дадена колона со GROUP BY HAVING клауза за исполнување на даден услов кои се однесува на групи 

Тема 10. Податоци од повеќе табели со принцип на вгнездени query (потпрашалници  sub query)

  • Синтакса на sub query
  • Редослед на извршување на операции кај sub query

Тема 11. Операција чии операнди се претставени со една табела

  • Како се изведува операцијата за спојување на две копии од една табела 

 Тема 12. Користење на СЕКОЈ, СИТЕ и НЕКОИ Оператори и конструктор

  • Користење на ALL, ANY, SOME, IN, NOT IN , разлики помеѓу нив и правилно користење 
  • Синтакса и користење на конструктор 

Тема 13. Користење на оператори EXISTS и UNIQUE

  • Како работи операторот EXISTS?  
  • Како работи операторот UNIQUE? 

Тема 14. Користење на повеќе табели во едно барање  

  • Спојување на повеќе табели
  • Alias на табели, alias на колони

Типови на спојување на повеќе табели 

Тема 15. Користење на различни типови на спојување на повеќе табели во едно барање  

  • Изучување на синтакса, разлика и проценка кој тип на спојување е потребно за добивање на потребната табела
  • Спојување на табелите со INNER JOIN
  • Спојување на табелите со LEFT OUTER JOIN
  • Спојување на табелите со RIGHT OUTER JOIN
  • Спојување на табелите со FULL OUTER JOIN
  • Спојување на табелите со  NATURAL INNER JOIN 

Тема 16. Користење на спојување на повеќе табели во едно барање со различни JOIN услови

  • Спојување со ON услов
  • Спојување со USING услов  

Тема 17. Ажурирање, бришење и менување на постоечка табела

  • Ажурирање на постоечки ред (UPDATE)  
  • Внесување нов ред (INSERT)
  • Бришење на ред од табела  (DELETE) 

Тема 18. Создавање и бришење на табели

  • Креирање табела
  • Бришење табелата
 

Цена

6000 ден.
  • Mожност за уплата на 2 рати

Почеток​

22.03 вторник
  • 077 648 049 ​

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

  • Учесниците добиваат сертификат за успешно завршен курс;
  • Предавањата се одвиваат онлајн преку Zoom;
  • Секој учесник ќе биде контактиран за повеќе информации и упатство за следење на курсот;
  • Сите предавања се снимаат и учесниците добиваат видео-снимка од секое предавање

ПРОЦЕС НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Чекор 1

ПОДНЕСЕТЕ АПЛИКАЦИЈА

Чекор 2

ЌЕ БИДЕТЕ КОНТАКТИРАНИ

Чекор 3

УПЛАТА ЗА
КУРС

Чекор 4

ЗАПОЧНУВАЊЕ НА КУРСОТ