Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SourceMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.
На денешниот високо конкурентен пазар на труд, ќе треба да се разликувате за да излезете пред конкуренцијата и да добиете работа од соништата. Затоа, нашите амбиции се да им помогнеме на сите оние кои сакаат да се надоградуваат на професионален план, со цел да се вработат во некоја од најдобрите компании, да развијат свој сопствен бизнис или да започнат кариера како “freelancer”.